Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Газда Деко: Зарем сериозно мислите дека ако знаев дека фали нешто, не би презел сѐ?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Газда Деко: Зарем сериозно мислите дека ако знаев дека фали нешто, не би презел сѐ?
МАКЕДОНИЈА

Газда Деко: Зарем сериозно мислите дека ако знаев дека фали нешто, не би презел сѐ?

Објавено December 2, 2025 14:57
Сподели
Сподели

Првообвинетиот сопственик на клубот „Пулс“, Дејан Јованов – Деко, денеска за првпат говореше пред судот и пред семејствата на загинатите во трагедијата. Тој изјави дека девет месеци се наоѓа во притвор и повторно ја спомна кобната вечер, но неговите тврдења не беа прифатени од присутните.

Јованов нагласи дека, како сопственик, не би дозволил во клубот да постојат пропусти, тврдејќи дека секогаш се грижел за безбедноста на посетителите.

„Зарем сериозно мислите дека ако знаев дека фали нешто, не би презел сѐ? Имам пораснато десетина генерации, сите знаат како се грижев за безбедноста“, рече Јованов низ солзи.

Тој спомена и дека и неговото семејство имало загуби и повредени.

„И ние во нашата фамилија имаме починато и едно повреден, и затоа ја носиме истата болка што и вие ја носите.“

Ова предизвика незадоволство кај присутните родители, кои му дофрлија:

„Ништо не знаеш!“

Во своето обраќање, Јованов се обиде да го одбрани и третотообвинетиот Михаил Јованов, прашувајќи зошто тој воопшто е опфатен со обвинението.

„Михајло немаше обврски поврзани со клубот, имаше сопствена фирма и не беше вклучен во неговото функционирање“, изјави тој.

Настанот повторно ги отвори прашањата околу одговорноста и пропустите кои доведоа до трагедијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Азија подготвена за претпазлив почеток пред зафатена недела со податоци
Следна Статија Трамп вели дека знае кој ќе биде нов претседател на Федералниот резервен систем

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Или ќе победи таа мафија која со децении трае или ќе победат народот и државата

Премиерот Христијан Мицкоски во своето гостување во „Тема на денот“ во дневникот на Сител Телевизија истакна дека по извршените контроли…

March 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денеска ВМРО-ДПМНЕ ќе одлучува за кандидати за градоначалници на претстојните локални избори

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска напладне треба да одржи состанок на кој се очекува да биде одлучено и за кандидатот…

July 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Родители чии деца се наоѓаат во Штипската болница се пуштаат да ги видат повредените

Родители чии деца се хоспитализирани во Штипската болница по пожарот во дискотеката во Кочани се пуштаат во болницата за да…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Намалување на училишниот прибор од најмалку 10 и 15 проценти во трговија на големо и мало и продолжување на кризната состојба од 30 дена

Сè со цел спречување на растот на цените на училишниот прибор пред почетокот на учебната 2025/2026 година и заштита на…

August 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?