Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски: Со ниту еден странски дипломат не сум разговарал за какво било прифаќање мигранти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски: Со ниту еден странски дипломат не сум разговарал за какво било прифаќање мигранти
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Со ниту еден странски дипломат не сум разговарал за какво било прифаќање мигранти

Објавено December 18, 2025 22:44
Сподели
Сподели

Опозицијата верува во нејзината приказна – стопати повторена лага станува вистина, но не станува, вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за опозициските тврдења дека власта прифатила прифаќање на мигранти во државава.

Опозицијата, рече вечерва Тошковски во „Само интервју“ на ТВ Канал 5, се повикува на британските медиуми, може да се повикува на кого сака, но сите релевантни чинители во државава (премиерот, министерот за надворешни работи, претседателката, јас кога бев во Брисел) негиравме дека тоа што го тврдат е невистина и лага.

– Најодговорно тврдам дека во рамки на мојот мандат со ниту еден странски дипломат не сум разговарал на тема за какво било прифаќање мигранти од страна на која било држава, никогаш ниту ми било поставено како прашање, ниту како барање, ниту сум го имал како разговор со кој било од нив, рече Тошковски.

Министерот за внатрешни работи посочи и дека секоја година се намалува бројот на мигранти што поминуваат низ државава, за пет, седум, осум проценти,… како и дека годинава од страна на Министерството за внатрешни работи не е одобрено ниту едно барање за азил.

– Кога говориме за тема мигранти, тие транзитираат низ Македонија 10-15 години, а сега имаме и ново утврдување на кризна состојба во делот на мигранти поради она што го имаме веќе како фактичка состојба во државата. На граѓаните мора да им објасниме дека Македонија е клучен фактор во делот на овие процеси поврзани со илегална миграција од едноставна причина затоа што е на патот на нелегална миграција. Ние сме транзит земја и заради тоа сме многу клучни, рече Тошковски.

Во коментар на тврдењата за можноста за враќање на мигрантите во трети земји не само во земјата на потекло и споменувањето на Западен Балкан во тој контекст и договорот меѓу Италија и Албанија, рече дека „македонската опозиција почна да не прави разлика помеѓу Македонија и Албанија“. – Ова е Македонија , не Албанија, рече министерот Тошковски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Првпат изведена операција со навигациски систем за тотална протеза на колк
Следна Статија Лидерите на ЕУ се согласија да ѝ дадат заем на Украина од 90 милијари евра, но без користење на „замрзнатиот“ руски имот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Семејството на Фросина го предводеше протестот: „Валкани пари – смртни последици“

Семејството на прегазената Фросина Кулакова со транспарент „Ние сме гласот на Фросина, валкани пари- смртни последици“ го предводеше денешниот протест…

February 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Полициска контрола влегла во ,,Пулс” неколку минути пред трагичниот настан, неколку службеници се спасиле

Тошковски на денешната прес-конференција потврди дека вечерта за време на несреќата имало полициска контрола. Полицајците влегле неколку минути пред трагичниот…

March 17, 2025
БАЛКАНЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАПОЛИТИКА

ДПИ изрече осум парични казни за трговците кои не ја почитуваа одлуката на Владата, треба да платат 20 илјади евра

Државниот пазарен инспекторат ги изрече првите парични казни за непочитувачите на одлуката на Владата со која им се наложи на…

September 26, 2024
МАКЕДОНИЈА

Македонската армија ќе добие нови пушки од САД

Македонија е меѓу земјите кои ќе добијат ново пешадиско вооружување во рамки на договор што го додели Пентагон на американската…

April 6, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?