Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ГАК: Обдукцијата на новороденчето покажа дека причината за смртта е незрелост на белодробието
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > ГАК: Обдукцијата на новороденчето покажа дека причината за смртта е незрелост на белодробието
ХРОНИКА

ГАК: Обдукцијата на новороденчето покажа дека причината за смртта е незрелост на белодробието

Објавено December 19, 2025 16:08
Сподели
Сподели

Обдукцијата на новороденчето што почина на Клиниката за гинекологија и акушерство покажала дека причината за смртта е незрелост на белодробието.

За ова денеска информираа од Гинекологија од каде што наведоа дека по добиените резултати од обдукцијата, семејството на новороденчето е повикано за лично да се запознае со сите детали од наодот кој, како што додаваат, покажува дека нема физичка повреда на кој било од органите на бебето.

„За понатамошниот тек на случајот Министерството за здравство формираше стручна комисија со цел целосно расчистување на случајот и лоцирање на евентуални неправилности во лекувањето на новороденото. Согласно заклучокот, Клиниката ќе постапи по сите правни процедури пропишани за евентуално поведување дисциплинска постапка во рамките на дозволениот временски рок“,наведуваат од Клиниката за гинекологија.

Оттаму изразија длабока жалост и сочувство до семејството за загубата на новороденчето.

На барање на министерот за здравство Азир Алиу, Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) иницира формирање комисија за стручен надзор, која треба да утврди дали има пропусти во третманот и лекувањето на починатото дете на Клиниката за гинекологија и акушерство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Стратегијата СМАРТ/МК 2030 го обликува патот на дигиталната трансформација на Македонија
Следна Статија Двајца сопственици на златарница затаиле данок од еден милион евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Се уште се трага по 26-годишниот кумановец кој е исчезнат

Дваесет и шестгодишниот кумановец којшто пред два дена беше пријавен за исчезнат, сè уште не е пронајден, информираше денеска Секторот…

April 15, 2025
ХРОНИКА

ВИДЕО | Директорот на Геријатрија бил приведен во дворот, додека посредникот ги земал 20-те илјади евра мито во автомобил

Директорот на Клиниката за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ Мухсин Арифи, осомничен за примање поткуп од 20 илјади евра за…

April 28, 2025
ХРОНИКА

Почина 16-годишното момче кое со мотоцикл удри во џипот на пратеникот од Левица

Почина 16-годишното момче кое на 14 септември се здоби со тешки повреди во сообраќајната несреќа што се случи во село…

October 10, 2025
ХРОНИКА

Чичкото на Зорица Ѓорчевска: Однесувањето на Александар ми беше чудно, ми рече дека ако Вања е отепана ќе се отепа и тој

На денешното рочиште сведочеше чичкото на Зорица Ѓорчевска. Митко Лазаров рече дека кога внуката му кажала дека ја нема Вања…

October 18, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?