Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почина 16-годишното момче кое со мотоцикл удри во џипот на пратеникот од Левица
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Почина 16-годишното момче кое со мотоцикл удри во џипот на пратеникот од Левица
ХРОНИКА

Почина 16-годишното момче кое со мотоцикл удри во џипот на пратеникот од Левица

Објавено October 10, 2025 08:27
Сподели
Сподели

Почина 16-годишното момче кое на 14 септември се здоби со тешки повреди во сообраќајната несреќа што се случи во село Марино, општина Илинден, во која беше вклучен џипот на пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, јави Канал 5.

Несреќата се случила меѓу патничко возило „Хјундаи Тусон“ со гевгелиски регистарски таблички, управувано од 36-годишниот С.Ј. од Гевгелија, и мопед со кој управувал 16-годишник од село Идризово, скопско.

Во судирот со тешки телесни повреди се здобиле младиот возач и неговата 13-годишна сопатничка од населбата Илинден, кои биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“. За жал, и покрај напорите на лекарите, 16-годишникот подлегнал на повредите.

Возачот на џипот, С.Ј., и неговиот 25-годишен сопатник од Вевчани се здобиле со полесни телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Полицијата спроведува истрага за утврдување на причините за несреќата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тричковски повикан во полициска станица поради некрофилскиот коментар на Фејсбук
Следна Статија Шукова: БРТ системот е брзо, ефикасно и реално решение за Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

41-годишник возел низ Кавадарци со 1,54 промили алкохол во крвта

Со 1,54 промили алкохол во крвта возел низ Кавадарци – полицијата рано утрово лишила од слобода кавадарчанец, информираа претпладнево од…

November 16, 2025
ХРОНИКА

Пожар во куќа во Студеничани – сопственикот бил во странство

Вчера во 03.40 часот во Полициската станица Драчево било пријавено дека во с.Студеничани, скопско, настанал пожар во куќа, сопственост на…

February 21, 2025
ХРОНИКА

Предметот за убиството на Вања и Панче треба да се врати во фаза на истрага, вели бранителот на Видевски

Предметот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, според бранителот на еден од обвинетите Боре Видевски, адвокат Бојан Манев,…

April 16, 2025
ХРОНИКА

Претреси кај Пеце Мирчевски, поранешен директор на СОЗР

Управата за Финансиска полиција врши претрес во домот на екс директор на владината Служба за општи и заеднички работи, Пеце…

February 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?