Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бизнисменот и почесен конзул кој го пренесе Груби на Косово на распит во полиција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Бизнисменот и почесен конзул кој го пренесе Груби на Косово на распит во полиција
ХРОНИКА

Бизнисменот и почесен конзул кој го пренесе Груби на Косово на распит во полиција

Објавено December 18, 2024 13:00
Сподели
Сподели

Почесниот конзул на Косово во Македонија и сопственик на маркетот „Нептун“, Арсим Папранику во моментов се наоѓа во полициската станица Карпош, каде дава исказ во врска со случајот за махинации во Државната лотарија, за кој се бара поранешниот прв вицперемиер Артан Груби, дознава НетПрес.

Инаку, Арсим Папранику беше идентификуван во медимите како бизнисменот кој со своето возило со дипломатските таблички го превезол Артан Груби до Косово непосредно пред почетокот на полициската акција.

Груби, кон Косово патувал под дипломатски превез со познатиот и успешен бизнисмен во регионот од Македонија, Арсим Папранику кој пак, во 2018-та е именуван за почесен конзул на Косово во Република Македонија.

Според претходно денеска објавената потерница на Министерството за внатрешни работи, поранешниот директор на Државната лотарија, Перпарим Бајрами, кој од порано е излезен од Македонија,  се сомничи за „злоупотреба на службената положба и овластување“  за „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство“

Поранешниот прв вицепремиер на владата на СДСМ и ДУИ, Артан Груби, пак, е осомничен за „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство“.

Заедно со Груби и Бајрами, осомничен за „злоупотреба на службената положба и овластување“  осомничен е и поранешниот премиер Димитар Ковачевски (50), како и уште пет лица.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пораснаа платите во Еврозоната
Следна Статија Кекеновски: Судот мора да поведе постапка за кривична одговорност на конзулот што го префрли Груби на Косово

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

(Фото) ДЗС: Пронајдена артилериска граната од 65 mm од Првата светска војна во Ресенско

Вчера во 18.50 часот од крај брегот на Преспанското езеро на плажата „Сливница“ во општина Ресен, од страна на Дирекцијата…

June 9, 2025
ХРОНИКА

Исчезнат жител на Младо Нагоричане

Четириесет и едногодишник од селото Младо Нагоричане бил пријавен за исчезнат вчеравечер од неговата мајка. – На 22.11.2024 година во…

November 24, 2024
ХРОНИКА

Ужас: 70-годишник повеќе пати силувал 13-годишно дете

СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.С.(70) од oпштина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување…

October 18, 2024
ХРОНИКА

(ВИДЕО) Случај крави од Крива Паланка: Приведени таткото и ќерките оти попречувале инспектори и полицијаци, а се заканувале и на соселаните

Лишени се од слобода три лица од Кривопаланечко, кои попречувале полициски службеници и вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство…

December 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?