Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пазарниот инспекторат сузби поголема количина шверцувани производи од тутун
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Пазарниот инспекторат сузби поголема количина шверцувани производи од тутун
ХРОНИКА

Пазарниот инспекторат сузби поголема количина шверцувани производи од тутун

Објавено November 20, 2025 16:08
Сподели
Сподели

Државниот пазарен инспекторат на ден 17.11.2025 година и 18.11.2025 година, изврши инспекциски надзори на територија на градовите Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево и Струга кај 23 правни субјекти кои вршат трговија на мало со тутун и производи од тутун.

При извршените инспекциски надзори кај 16 правни субјекти затекнати се количини на тутунски производи за кои правните субјекти не поседуваат документи за набавка од добавувач и ги немаат потребните ознаки – акцизни марки.

Согласно законските надлежности, затекнатите производи во количина од над 3000 пакувања со вредност од над 1.000.000,00 денари се привремено одземени и предадени во Агенцијата за управување со одземен имот на Република Македонија.

За констатираните прекршоци, Државниот пазарен инспекторат постапувајќи согласно законските надлежности издаде прекршочни платни налози.

Државниот пазарен инспекторат, за констатираните неправилности достави известување и до другите надлежни институции, Царинската управа и Министерството за внатрешни работи за нивно понатамошно постапување.

Државниот пазарен инспекторат ќе продолжи со спроведуведување на инспекциските надзори со цел утврдување и санкционирање на нелегалната трговија на територија на Република Македонија согласно законските надлежности.

Акцијата е дел од посветеноста на Државниот пазарен инспекторат за борба против корупцијата и криминалот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија До вчера 27.000 студенти подигнале ваучери за електронски уреди
Следна Статија ССМ: Минималните месечни трошоци во ноември 65.173 денари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Контактибилно и во стабилна состојба е детето пронајдено кај Рашче по излетувањето на автомобилот

Свесно, контактибилно, без видливи знаци за надворешни повреди е четиригодишното дете кое попладнево беше донесено во Клиничкиот центар во врска…

January 2, 2025
ХРОНИКА

Падна рекетарска шема – фатено примопредавање на 165 000 евра

Со месеци закани, со години рекет, со стотици илјади евра исцицани преку страв и уцен. Бирото за јавна безбедност денеска…

August 4, 2025
ХРОНИКА

Лидија Димова осудена на казна затвор од две години

Основниот кривичен суд Скопје ја прогласи за виновна поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија…

September 18, 2025
ХРОНИКА

Спречен обид за нелегално изнесување голема количина на девизи

Царинските инспектори од мобилните тимови од Секторот за контрола и истраги на граничниот премин Табановце во текот на вчерашниот ден…

November 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?