Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Измамници „оперираат“ и покрај големата трагедија: Македонец од Норвешка понуди помош на семејствата на повредените од Кочани, па за малку ќе беше измамен
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Измамници „оперираат“ и покрај големата трагедија: Македонец од Норвешка понуди помош на семејствата на повредените од Кочани, па за малку ќе беше измамен
ХРОНИКА

Измамници „оперираат“ и покрај големата трагедија: Македонец од Норвешка понуди помош на семејствата на повредените од Кочани, па за малку ќе беше измамен

Објавено March 19, 2025 10:29
Сподели
Сподели

И покрај големата трагедија која ја погоди цела Македонија, измамниците не прекинуваат да „оперираат“.

Воислав Дабевски кој живее во Осло, Норвешка на социјалните мрежи сподели приказна која наиде на револт кај јавноста. Имено, тој им понуди помош на семејствата на повредените во пожарот во Кочани, но едно лице се обидело да извлече пари од него преку измама. Ова следува откако има најави дека дел од повредените лица од кочанската трагедија ќе бидат испратени на лекување и во оваа скандинавска земја.

Дабевски објасни дека за малку ќе бил измамен кога му се јавил маж, претставувајќи се како млад човек кој ја изгубил мајка си во трагедијата и барајќи пари за наводниот третман на неговата тетка.

„ВНИМАВАЈТЕ луѓе, постојат нелуѓе! За малку ќе наседнев на измама за пари откако понудив помош по трагедијата во Кочани. Добив повик од дечко кој се претстави како Филип Мицевски, 20-годишен син на пејачката Сара Пројковска, која загина во пожарот. Тој ми раскажа дека неговата сестра, која била со Сара во клубот, сега лежи во болница во Скопје со тешки изгореници и дека во петок треба да ја префрлат во болница во Осло. Звучеше вознемирено, дури и плачеше – толку убедливо што почнав да го тешам. Потоа ми побара пари за маст за изгореници, и тогаш почнав да се сомневам. Ми испрати и слика од пасош, но веднаш забележав по годината на раѓање дека личноста на него е 30-годишен маж, а не 20-годишно момче.

Во меѓувреме, се распрашав по пријатели за да проверам дали приказната е вистинита – и, како што претпоставував, беше целосна измама. Затоа, бидете внимателни! Во светот има измамници кои ќе се обидат да ја искористат вашата добрина. Но, јас и понатаму верувам – добри луѓе постојат“, стои во објавата на македонскиот државјанин кој живее во Норвешка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нова снимка од евакуацијата на „Пулс“: Луѓето панично бегаат додека дискотеката е во пламен (ВИДЕО)
Следна Статија Андреј и Сара од ДНК ќе бидат погребани утре во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Годинава за 11 милиони евра зголемена наплатата од увоз на тутун, во акции спречени осум обиди за шверц

За 11 милиони евра е зголемена наплатата на приходи од увоз на тутун и тутунски производи во првото тримесечје годинава…

April 21, 2026
ХРОНИКА

Притвор од осум дена за лице кое се обидело да запали албанско знаме

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против К.К. (20) од Скопје поради сторено кривично дело по…

December 3, 2024
ХРОНИКА

Почина новинарката Гордана Дувњак

По долго боледување на 61-годишна возраст почина новинарката и уредничка Гордана Дувњак, една од препознатливите фигури во македонското новинарство, особено…

April 21, 2026
ХРОНИКА

Кумот Гоце конечно ќе сведочи за потрагата по Вања

На следното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски конечно како сведок ќе се појави Гоце Трајковски, стариот…

February 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?