Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Гаши не очекува инциденти на гласањето: Ова се локални, а не историски избори
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Гаши не очекува инциденти на гласањето: Ова се локални, а не историски избори
ПОЛИТИКА

Гаши не очекува инциденти на гласањето: Ова се локални, а не историски избори

Објавено September 9, 2025 17:01
Сподели
Сподели

Срамота е после 34 години независност на Македонија ние повторно да зборуваме за опасност од инциденти на денот на изборите, порача денеска претседателот на Собранието Африм Гаши на брифинг со новинарите.

– Јас немам никакви индиции, ниту до мене, како претседател на Собранието и член на Советот на безбедноста стасале информации за можни инциденти и проблеми при локалните избори – рече Гаши.

Собранието на седницата в петок, на 12 септември, ќе усвои декларација за фер и демократски избори, која е прва ваква декларација што е иницирана во законодавниот дом. Традиционално, декларација за фер и демократски избори се потпишува во Државната изборна комисија, од страна на учесниците.

– Со ова што го правиме, целта е да нема инциденти и декларацијата е во таа насока. Секој кој не го испочитувал својот потпис после би требало да сноси одговорност. Сакаме да дадеме тежина на страната на фер и демократски извори и да оставиме помалку простор на тие што сакаат инциденти – рече Гаши одговарајќи на новинарско прашање дали е можно да има инциденти и проблеми на изборите и покрај декларацијата, со оглед на острата реторика на кандидатите за градоначалници во Чаир, која е – да се биде или не, што, пак, лесно може да создаде инциденти и во Чаир, но и во другите општини каде се водат главните изборни битки меѓу партиите од албанскиот блок.

– Изборите се најдобриот индикатор за развојот на демократијата. На локалните избори не смее во никој случај да се загрози правото на ниеден граѓанин да ја изрази својата волја да гласа за кого сака. Ние како Собрание правиме сè што можеме сите актери во изборите да го слушнат овој глас – дека политичката битка не вклучува инциденти. Зошто да има инциденти? Јас не се согласувам дека овие избори се толку битни, секако битни се за локалните теми и проблеми, но, не можеме секои избори да ги сведеме на историски. Овие се за локални проблеми, за канализација, водовод, хигена, чист воздух, за развојни проекти итн. Не се согласувам изборите да се сведат на „да се биде или не“ и немам никаква индиција дека се подготвуваат инциденти. Од 2 ноември сите институции редовно ќе работат, сонцето ќе изгрее … – рече претседателот Гаши.

Тој повика на максимална смиреност и побара сите фактори да се однесуваат одговорно – политичките партии, активистите, граѓанското општество и медиумите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Очекуваме да видиме како ќе излобира, и каков повторно Француски предлог ќе донесе Филипче, реагираат од ВМРО ДПМНЕ
Следна Статија (ВИДЕО) Израел го нападна Хамас и во Катар, и Трамп наводно дал дозвола

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ: ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ во иста коруптивна матрица

Опозициската СДСМ отвори афера за сомнителен тендер од 1,2 милиони евра во „Македонска пошта“, доделен на фирма поврзана со советник…

December 29, 2025
ПОЛИТИКА

Шилегов со барање до Филипче: Време е за лично заминување

Поранешниот градоначалник на Град Скопје од редовите на СДСМ и истакнат член на партијата, Петре Шилегов заедно со група членови…

January 21, 2026
ПОЛИТИКА

Предлогот за конзул Адамовиќ е на амбасадорот во Србија и ги исполнува сите критериуми за дипломат, велат од ВМРО ДПМНЕ

Откако портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, денес на прес-конференција праша кој е Душан Адамовиќ и зошто е избран за почесен…

February 22, 2026
ПОЛИТИКА

Ѓоргиевски за сообраќајниот хаос во Скопје: Имам јасна визија и план како чекор по чекор да се најде излез од оваа катастрофална состојба

Сообраќајниот хаос е проблем кој скопјани секојдневно го чувствуваат, од долгите колони и изгубеното време, до недостигот на паркинг и…

September 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?