Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Гаши против скандирањата во Куманово: Да застанеме заедно против омразата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Гаши против скандирањата во Куманово: Да застанеме заедно против омразата
ПОЛИТИКА

Гаши против скандирањата во Куманово: Да застанеме заедно против омразата

Објавено August 4, 2025 20:16
Сподели
Сподели

Собранискиот спикер Африм Гаши го осуди скандирањето на натпреварот Македонија-Романија во Куманово во саботата, кого неколкумина присутни во спортската сала во Куманово извикуваа навредливи и ксенофобични пораки.

„Кога спортот, кој треба да биде мост на обединување, се претвора во сцена на омраза и поделби, сите треба да застанеме на момент и длабоко да размислиме за тоа што се случува со нашето општество.

Со длабоко чувство на одговорност и голема загриженост, како претседател на Собранието, внимателно го следев јавниот одѕив и реакциите на надлежните институции кои веќе преземаат активности за да го адресираат инцидентот што се случи за време на кошаркарскиот натпревар во Куманово.

Свесен за чувствителноста на моментот и за важноста секој збор да биде внимателен и обединувачки, денес сакам да им се обратам на сите граѓани на Република Македонија, без разлика на етничка, јазична или политичка припадност:

Навредливите извици и говорот на омраза што се слушнаа таа вечер не го претставуваат духот на спортот, ниту духот на нашите граѓани, а пред сè не ги претставуваат вредностите врз кои е изграденa нашата држава.

Општество што тежнее да биде дел од европското семејство мора да се гради врз основа на почит, достоинство и еднаквост за сите граѓани“, напиша Гаши на својот профил на Фејсбук.

Тој остро ја осудува секоја форма на говор на омраза, особено онаа што има цел да раздели луѓе поради нивната етничка или национална припадност.

„Република Македонија е мултиетничко општество и Албанците се државотворен народ. Ги повикувам сите институции, сите политички партии, сите граѓани, да застанеме заедно против омразата.
Да се издигнеме заедно за поправедна, почесна и пообединета иднина. Тоа треба да биде нашиот пат. Тоа е наша должност“, порача претседателот на Собранието.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Празнична промоција на возилата GEELY И LYNK&CO во Маврово
Следна Статија УЈП со рекордна наплата во јули: Наплатени 37,4 милиони евра повеќе од лани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Ивановски: Јас сум во СДСМ од 1994 година, не може Филипче да ме исклучи

Игор Ивановски, кој е од од онаа група за реформи во СДСМ му порача да не врши притисок врз оние…

July 4, 2026
ПОЛИТИКА

ЦУК: Поплавени површини, оштетени патишта и евакуации поради обилните врнежи

Поради обилните врнежи од дожд и снег што ја зафатија земјава, на повеќе локации се регистрирани поплави, излевања на реки,…

January 11, 2026
ПОЛИТИКА

Мицкоски: СДСМ имаат слоган со кој велат се бориме за домот, на кој дом мислат на Халкидики или во Дубаи

Секои избори се можност да испратиме и политичка порака во која вие граѓаните ќе знаете што можеме да очекуваме во…

October 7, 2025
ПОЛИТИКА

Шукова: Имаме јасен остварлив план за чисто Скопје, ќе го исчистиме градот во првите три месеци

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, заедно со заменик-претседателката на партијата Фани Каранфилова Пановска, кандидатот за…

August 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?