Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Празнична промоција на возилата GEELY И LYNK&CO во Маврово
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Празнична промоција на возилата GEELY И LYNK&CO во Маврово
Blog

Празнична промоција на возилата GEELY И LYNK&CO во Маврово

Објавено August 4, 2025 18:42
Сподели
Сподели

По повод празникот Илинден, на спортското игралиште во рамки на хотелот „Спорт“ во Маврово, се одржа промотивен настан на кој беа претставени возилата од брендовите Geely и Lynk&Co. Настанот беше организиран од страна на Делфино Мобилити Груп, со цел непосредно да им се приближат иновативните и технолошки напредни модели на посетителите кои го поминуваа викендот во ова туристичко место.


На настанот беа изложени Geely Coolray, Lynk&Co 01 (хибридно возило) и Lynk&Co 02 (целосно електрично возило), привлекувајќи значителен интерес кај семејствата и посетителите. Присутните имаа можност одблизу да се запознаат со дизајнот, комфорот и квалитетот на внатрешниот ентериер, како и со напредните безбедносни и дигитални системи кои овие модели ги нудат.


Интересот и свесноста за перформансите на возилата беше значително висок. Многу од присутните веќе беа добро запознаени за Geely и Lynk&Co, а голем дел од нив се пријавија и за пробно возење. Посебен интерес беше изразен за техничките карактеристики како потрошувачката на гориво, автономијата на електричните возила, капацитетот на багажниот простор и системите за активна и пасивна безбедност.


Најмладите посетители беа особено импресионирани од мултимедијалните функционалности и квалитетот на озвучувањето, што дополнително придонесе за позитивната атмосфера на настанот.


Присутноста и информираноста на посетителите покажа дека претходно постоечките стереотипи за кинеските возила Geely и Lynk&Co се надминати, веќе се препознаваат како висока класа, па дури и супериорни алтернативи на многу европски возила.


Поради големиот интерес и позитивните реакции, Делфино Мобилити Груп најавува нови вакви настани, вклучително и повторна презентација во Маврово до крајот на месец август.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЦУК: Нема повредени лица и пријавени штети по невремето
Следна Статија Гаши против скандирањата во Куманово: Да застанеме заедно против омразата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Холандската централна банка до граѓаните: Секое домаќинство да има кеш – 70 евра по возрасен

Централната банка на Холандија издаде предупредување до граѓаните: секое домаќинство треба да има резерва во готовина за најмалку три дена,…

May 23, 2025
Blog

Дневен хороскоп за Девица – недела, 26 јануари 2025

1. 💡 Општа енергија на денот: Денешниот ден е идеален за изградба на стабилна самодоверба за сите Виргини. Бидејќи сте…

January 26, 2025
Blog

Скопјанец ја фрлил сопругата по скали во семејната куќа

На 21.03.2026 во 15:00 часот во СВР Скопје 48-годишна жена од Скопје пријави дека на 23.02.2026 околу 11:30 часот во…

March 22, 2026
BlogМАКЕДОНИЈА

АНБ: Група поврзана со Исламска држава стои зад нападот врз Еврејската заедница во Скопје

Агенцијата за национална безбедност соопшти дека лицата поврзани со обидот за опожарување на објектот на Еврејската заедница и синагогата во…

May 2, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?