Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Географот Милевски за земјотресот: Ништо страшно, немирната Шар Планина, уште се извишува!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Географот Милевски за земјотресот: Ништо страшно, немирната Шар Планина, уште се извишува!
МАКЕДОНИЈА

Географот Милевски за земјотресот: Ништо страшно, немирната Шар Планина, уште се извишува!

Објавено February 11, 2026 09:57
Сподели
Сподели

По последниот земјотрес синоќа, професорот на Институтот за географија, д-р Ивица Милевски, апелира дека нема причина за загриженост. Тој нагласува дека сеизмичките случувања се дел од долготрајни геолошки процеси и дека земјата постојано се менува, но тоа е природен феномен.

„Ништо страшно, немирната Шар Планина уште се извишува, макар можеби само за десетина милиметри одеднаш, што и не е малку. Нека си тера таа како што тера со милиони години, малку по малку, а ние може да си одмориме“, напиша Милевски.

Неговиот коментар се однесува на земјотресот со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала, со епицентар на територијата на Косово, кој вчера беше почувствуван и во Македонија, вклучително и во Скопје и во Тетово.

Два дена претходно, во неделата вечерта во 23:09 часот, уште еден земјотрес бил регистриран во истото подрачје. Според податоците на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот бил почувствуван во Тетово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, со епицентар на околу 46 километри северозападно од Скопје и локална магнитуда ML3.0.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Анализа на цената на Bitcoin: BTC се соочува со нов отпор близу 71.000 долари
Следна Статија Азиските акции продолжуваат со растот до нов рекорд: Преглед на пазарите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Продолжи судењето за Дарко Каевски и Наумче Мојсовски

Со вкрстени прашања на одбраната кон економското вешто лице, денеска во Основниот кривичен суд – Скопје продолжи судењето за случајот…

December 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Преговорите со ЕУ нема да ни ги решат сите проблеми, треба сами да ја завршиме домашната задача

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во Отворено студио „100 дена Влада“ на МРТ говорејќи на тема за преговорите со Европската…

October 7, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: За доизградба на болниците во Штип и Кичево се преговара со неколку Влади

Владата на Република Македонија разговара со Влади на силни западноевропски земји, за да се доизградат болниците во Штип и Кичево,…

December 14, 2024
МАКЕДОНИЈА

Нема гаранции дека некоја членка на ЕУ нема да блокира, кажа Марта Кос пред утрешната посета во Скопје

Покажавте силни перформанси во рамките на Реформската агенда. Доаѓам во Скопјe за да ја охрабрам Владата да го стори истото…

July 7, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?