Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Герасимовски: Испративме протестна нота до Амбасадата на Австрија поради непрописно паркирање во пешачка зона во Капиштец
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Герасимовски: Испративме протестна нота до Амбасадата на Австрија поради непрописно паркирање во пешачка зона во Капиштец
МАКЕДОНИЈА

Герасимовски: Испративме протестна нота до Амбасадата на Австрија поради непрописно паркирање во пешачка зона во Капиштец

Објавено October 10, 2025 13:33
Сподели
Сподели

За странските дипломати мора да важат истите прописи за паркирање како и за сите други граѓани во Центар. Испративме протестна нота до Амбасадата на Република Австрија поради непрописно паркирање во пешачка зона во паркот во населбата Капиштец, информираше денеска градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, додавајќи дека оваа постапка претставува директно прекршување на сообраќајните правила и нарушување на јавната безбедност.

„Овој простор е наменет за рекреација на граѓаните, со спортски и детски игралишта каде секојдневно престојуваат деца, млади и семејства. Со ваквото однесување се загрозува јавниот ред и безбедноста во урбаната средина. И покрај дипломатскиот статус на возилата, почитувањето на локалните прописи и правилата за јавен ред и безбедност е основен принцип што важи за сите, вклучително и за дипломатските претставништва во Република Северна Македонија. Бараме од Министерството за надворешни работи да ја извести Амбасадата на Република Австрија и да преземе соодветни дипломатски мерки за спречување на вакви случаи во иднина. Го изразувам своето уверување во взаемното почитување и соработка со дипломатската заедница, во духот на добрите односи и меѓусебното разбирање, истакна Герасимовски во својата објава на Фејсбук.

Тој воедно посочи дека ја користи приликата да го изрази своето уверување во взаемното почитување и соработка со дипломатската заедница, во духот на добрите односи и меѓусебното разбирање, додавајќи дека правилата за јавен ред и безбедност мора да важат за сите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Фатон Нури кој на пешачка патека го усмрти пензионерот Југослав Николовски призна вина, ќе се брани за неукажување помош
Следна Статија Саракинов: Стевчо Јакимовски, кандидатот на СДС, Филипче и Заев, од Карпош направи бетонска џунгла, за профит на инвеститори ја продаде општината

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Марта Кос: Бугарија и Македонија треба да разговараат и да најдат решение за билатералното прашање

Наша политичка цел е да ги започнеме преговорите со Македонија по Кластерот „Основни вредности“, штом ќе бидат усвоени потребните уставни…

June 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Уште едно македонско семејство е евакуирано од Тел Авив: Мајка со три деца слета безбедно во Атина

Четири македонски државјани (мајка и три деца), вчера беа евекуирани од Израел со лет од Тел Авив до Атина, соопшти…

June 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Со месеци се без плата – вработените во пералната на Клинички оставени на милост и немилост

Жаклина Блажевска, 24 години вработена во Клиничка централна перална. Вели 11 месеци сум без плата, пренесе Фокус. „Клинички ги пере…

December 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ченто со порака до Кацарска: Времето ги открива улогите, за скоро…следете

Jaне Ченто, еден од осудените на настаните од „27 април“, на Фејсбук реагира на поранешната судијка во Кривичниот суд, а…

February 16, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?