Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Марта Кос: Бугарија и Македонија треба да разговараат и да најдат решение за билатералното прашање
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Марта Кос: Бугарија и Македонија треба да разговараат и да најдат решение за билатералното прашање
МАКЕДОНИЈА

Марта Кос: Бугарија и Македонија треба да разговараат и да најдат решение за билатералното прашање

Објавено June 3, 2025 11:17
Сподели
Сподели

Наша политичка цел е да ги започнеме преговорите со Македонија по Кластерот „Основни вредности“, штом ќе бидат усвоени потребните уставни измени, порача денеска еврокомесарката за проширување Марта Кос во воведното обраќање на дебатата со членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент посветена на проширувањето на ЕУ, состојбите во Украина и соседската политика на блокот.

– Бугарија и Македонија треба да почнат да разговараат интензивно и да најдат решение за ова билатерално прашање и јас стојам на располагање како олеснувач ако е потребно, истакна Кос.

Таа додаде дека денес живееме во време на длабока трансформација на меѓународниот поредок, и само за шест месеци од стартот на нејзиниот мандат глобалниот пејзаж се промени драматично, па затоа во интерес на безбедноста и иднината на континентот потребно е „да заврши обединувањето на Европа“.

– За мене проширувањето е многу повеќе од само проширување. Туку станува збор за обединување на Европа. Тоа не е само морална неопходност, туку јасен услов за посилна и побезбедна Европа. Проширувањето во овој контекст оди подалеку од традиционалниот поглед и станува средство за обединување на Европа околу заеднички вредности и принципи, рече Кос.

Во тој контекст, според неа, ЕУ треба да бидеме подготвена да проектира стабилност и мир низ целиот континент и во европското стратешко соседство во Централна Азија и Медитеранот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Египет гради нов мегаград: Ќе пренасочи седум проценти од водата на реката Нил
Следна Статија МВР поднесе прекрошочна за нелегалниот приклучок на фекална канализација што го улови Данела

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Македонија меѓу земјите со најголем пад на населението

Светска банка ја стави Македонија на листата на земји и територии кои доживуваат најголем пад на населението во светот. Најголемиот…

September 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Илинденска прослава во Овчарани: Македонскиот дух живее во Леринско (ВИДЕО)

Стихот ,,Жива била Македонија” од песната Бисер Балкански и десетици други македонски патриотски песни ечеа вчера во селото Овчарани на…

July 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Македонија добива Национален центар за вештачка интелигенција – започнува проектот „Везилка“

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска официјално го претстави проектот „Везилка“ – Национален центар за вештачка интелигенција, капитален проект…

October 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

И единствениот противпожарен апарат што се гледа на една од снимките не бил соодветен

– Противпожарниот апарат што се гледа на една од снимките со кој се гаси почетниот пожар е несоодветен, наменет е…

March 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?