Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Германија бара укинување на правото на ВЕТО за прием на нови членки на ЕУ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Германија бара укинување на правото на ВЕТО за прием на нови членки на ЕУ
СВЕТ

Германија бара укинување на правото на ВЕТО за прием на нови членки на ЕУ

Објавено April 15, 2025 14:20
Сподели
Сподели

Берлин ќе се спротивстави на понатамошното проширување на Европската Унија, освен ако блокот не го откаже принципот на едногласност (ВЕТО). За ова се усогласиле конзервативците на канцеларот Фридрих Мерц и социјалдемократите во договорот за коалициска влада постигнат пред една недела.

Во документот се истакнува дека приемот на шесте земји од Западен Балкан (Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, и Србија), како и Украина и Молдавија е „важен“ и „во заеднички интерес“ и за кандидатите и за Унијата.

За да се заобиколи принципот на консензус, додека не се отфрли, можно решение е на земјите кои сакаат да се приклучат на ЕУ да им се отвори пристап до заедничкиот пазар без статус на полноправно членство.

Проширувањето на ЕУ мора да оди рака под рака со нејзиниот капацитет да апсорбира нови членки. Затоа, потребни ни се внатрешна консолидација и реформи на ЕУ, најдоцна со следното проширување, заради зајакнување на институциите, пишува во документот.

Коалициските партнери се залагаат за укинување на правото на вето и за другите одлуки за кои сега е неопходна едногласност во Советот на ЕУ.

Во документот со 140 страници само четири реченици се посветени на проширувањето на Унијата. Тие досега не привлекоа големо внимание, иако ќе бидат клучни за надворешната политика на Берлин во годините што доаѓаат. Ова означува промена во односот на Берлин кон проширувањето на ЕУ и јавно признание дека неможноста да се носат одлуки е главната пречка за прифаќање нови земји, забележува Михаел Мартенс за Франкфуртер алгемајне цајтунг.

Дури и напуштањето на принципот на едногласност се чини невозможно, бидејќи и за тоа е потребен едногласен став, забележува Мартенс. Тоа го знаеле претходните германски влади, но се плашеле да го отворат прашањето.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ФК Вардар ги исчисти долговите и по осум години ја деблокира сметката
Следна Статија Повеќе од 15 години нема конкретна законска забрана за употреба на пиротехнички средства во објекти од затворен тип, утврди ДКСК

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Унгарија ќе протера седум украински државјани уапсени при транспорт на готовина и злато

Унгарија ќе ги протера сите седум украински државјани кои беа приведени во земјата додека превезувале готовина и злато од Австрија…

March 6, 2026
СВЕТ

(ВИДЕО) Роботи- полицајци патролираат по улиците во Кина, имаат и оружје

На социјалните мрежи кружат видеа од Кина кои потсетуваат на Sci-Fi филмови. Во преден план се службениците за спроведување на…

December 11, 2024
СВЕТ

Трамп сака да го ограничи времетраењето на визите за странски новинари и студенти

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп денеска предложи да се намали времетраењето на престојот во САД за странски студенти и…

August 28, 2025
СВЕТ

(Видео) Страшна бура ги опустоши Филипините, најмалку 26 загинати

Тропската бура Трами уби најмалку 26 луѓе, а повеќе од 150.000 принуди да ги напуштат своите домови на Филипините, соопштија…

October 24, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?