Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Орбан без влакна на јазикот: Украина може да стане Авганистан во Европа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Орбан без влакна на јазикот: Украина може да стане Авганистан во Европа
СВЕТ

Орбан без влакна на јазикот: Украина може да стане Авганистан во Европа

Објавено February 15, 2025 18:26
Сподели
Сподели

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ги повтори ставовите на Кремљ во интервјуто со Такер Карлсон, предупредувајќи дека ситуацијата во Украина може да стане европски Авганистан.

Неговите изјави предизвикаа дебата и критики низ Европа, бидејќи се во согласност со наративот на Москва, што дополнително создава проблеми во односите во ЕУ.

– Војната во Украина може да стане Авганистан на Европската унија, долготраен и скап конфликт без излез – изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Орбан ги истакна стотиците милијарди евра помош што ЕУ досега ги има инвестирано во поддршката на Украина да се одбрани од руската инвазија што трае веќе три години.

„Ако претседателот Трамп не најде решение, оваа војна лесно може да стане Авганистан за Европската унија“, повтори Орбан, алудирајќи на 20-годишната војна на САД во Авганистан.

Војната во Авганистан, која започна во 2001 година веднаш по нападите на 11 септември и заврши во 2021 година со нагло повлекување на американските војници, останува најдолгата американска војна во историјата.

– Бескрајна војна, бескраен конфликт, без излез, кој троши енергија, човечки животи, пари, се – рече Орбан продолжувајќи ја својата споредба.

Тоа ја уништува рамката на нормалниот живот за Европската унија. Ние сме во сериозна опасност – заклучи тој.

Тој го повтори наративот на Кремљ дека Русија ја нападна Украина за да го спречи нејзиниот влез во НАТО, а вчера се бранеше од обвинувањата дека е сојузник на Путин.

Јас не сум проруски човек, јас сум проунгарец – изјави тој.

Тешкотијата е како да се убедат Русите да ја прекинат војната кога тие всушност победуваат. „Тоа е големо прашање“, додаде тој.

„Западната поддршка за Киев нема да трае вечно“
Орбан тврди дека поддршката на западните земји за Киев нема да трае вечно.

„Моето срце е со Украинците, но тие се во голема, голема неволја“, рече тој.

Унгарскиот премиер долго време го критикуваше Киев, честопати напаѓајќи го украинскиот претседател Володимир Зеленски и постојано се закануваше дека ќе ја блокира помошта од ЕУ за Украина.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ФОТО) Ким Кардашијан објави фотографија од пред 30 години: Денес секс бомба, а некогаш?
Следна Статија Германскиот автомобилски гигант укинува 1.900 работни места: Финансискиот директор прв доби отказ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Бурни реакции за новите царини на Трамп: се огласија Јапонија, Канада и ЕУ

Канада наскоро ќе одговори на новите царини за увезените возила што ги најави американскиот претседател Доналд Трамп и може да…

March 27, 2025
СВЕТ

(ВИДЕО) Путин се загледа во Б2 бомбардерите на небото

Претседателите на Русија - Владимир Путин и на САД - Доналд Трамп, се ракуваа пред медиумите и заедно прошетаа по…

August 15, 2025
СВЕТ

(Видео) Израел: Хезболах крие 500 милиони долари во готовина и злато под болница во Бејрут

Израелските одбранбени сили (ИДФ) декласифицираа разузнавачки информации за финансиските центри на Хезболах. Израел ја прошири својата кампања против Хезболах во…

October 22, 2024
СВЕТ

Франција има нов премиер

Претседателот Емануел Макрон го именува центристичкиот лидер Франсоа Бајру за нов француски премиер во обид да стави крај на повеќемесечната…

December 13, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?