Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Германија ги заострува правилата за работа, македонските граѓани со ограничени можности
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Германија ги заострува правилата за работа, македонските граѓани со ограничени можности
ЕКОНОМИЈА

Германија ги заострува правилата за работа, македонските граѓани со ограничени можности

Објавено August 24, 2025 10:19
Сподели
Сподели

Германија подготвува нови законски измени со кои ќе се отежни пристапот до работни дозволи за странските државјани, меѓу кои и македонските граѓани.

Според најавите, квотата за поедноставено вработување на лица од Западен Балкан ќе се преполови – наместо досегашните 50.000 дозволи годишно, ќе се издаваат значително помалку. Истовремено, новите правила предвидуваат дополнителни пречки за нелегалното вработување, особено во сектори како фризерството и козметичките услуги.

Дополнителен удар за странските работници е најавата дека брошурите за информирање околу социјалната помош ќе се печатат исклучиво на германски јазик. Досега тие беа достапни на повеќе јазици, меѓу кои англиски, руски, турски и романски.

Законот за борба против нелегалната работа и перењето пари, кој наскоро треба да се изгласа во Бундестагот, ќе воведе нова обврска – секој работник мора постојано да носи документ за идентификација, кој ќе мора да го покаже при инспекција.

Иако властите тврдат дека измените се насочени кон регулирање на пазарот на труд и спречување злоупотреби, германските компании предупредуваат дека ова ќе ја намали достапноста на работна сила, особено во градежништвото, угостителството, логистиката и транспортот. Според податоците, речиси половина од досегашните визи за Балканот биле издадени за градежниот сектор.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Украинците ја нападнаа нуклеарната централа во Курск
Следна Статија Поезијата на Иван Штрпка има интимна, медитативна, комуникативна и антрополошка димензија, вели академик Ќулавкова во беседата за лауреатот на СВП

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Народната банка работи на нови мерки за полесен пристап до кредити за прв стан

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, во интервју за регионалната телевизија „Њузмакс Балканс“, најави дека се подготвуваат нови мерки…

August 8, 2025
ЕКОНОМИЈА

Трамп заработил милијарда долари на криптовалути откако стана претседател

Сите американски претседатели во последните 50 години, од Џими Картер па наваму, ги пренасочија своите инвестиции на берзата во државни…

October 19, 2025

Акциските иднини малку променети додека Вол Стрит се подготвува за затворање на 2025 година

Акцискиот пазар успеа да премине преку тарифниот хаос и стравувањата од балон на вештачка интелигенција за да достигне историски највисоки…

January 1, 2026
ЕКОНОМИЈА

СоФи планира да подигне 1,5 милијарди долари: Финансиска стратегија за раст

Финтех компанијата СоФи објавува план за проширување на капиталот, нагласувајќи ја нејзината развојна динамика

December 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?