Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Германската владејачка коалиција губи поддршка, АфД останува силна
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Германската владејачка коалиција губи поддршка, АфД останува силна
СВЕТ

Германската владејачка коалиција губи поддршка, АфД останува силна

Објавено September 13, 2025 17:03
Сподели
Сподели

Партиите во владејачката коалиција во Германија губат поддршка од јавноста само четири месеци по стапувањето на должност, покажува анкета што треба да ја објави денеска весникот „Билд ам Зонтаг“.

Според анкетата спроведена од Институтот за истражување на јавното мислење ИНСА во септември, конзервативната Христијанско-демократска унија (ЦДУ) на канцеларот Фридрих Мерц изгубила еден процентен поен во однос на минатонеделниот рејтинг и сега има поддршка од 25 отсто.

Нивниот коалициски партнер, Социјалдемократската партија (СПД), исто така падна за еден поен на 14 отсто .

Доколку сега се одржат сојузни избори, 25 отсто од испитаниците рекоа дека би гласале за крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД), која го задржа силниот рејтинг од претходната недела.

Рејтинзите на другите партии застапени во Бундестагот, Долниот дом на Парламентот, останаа непроменети, според анкетата спроведена меѓу 8 и 12 септември на 1.204 гласачи.

Изборните анкети генерално се предмет на неизвесност поради намалената партиска лојалност и сè пократкорочните одлуки за гласање, што го отежнува прецизното мерење на податоците од страна на институтите за истражување, посочува ДПА.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јадете и губите килограми: Есенски намирници што помагаат за слабеење
Следна Статија Дојран ќе добие Музеј на вода, се реконструира праисториска наколна населба во езерото

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Кинески „Дипсик“ ги стресе берзите и светот на високата технологија

Лансирањето на кинеската апликација „Дипсик“ (DeepSeek) го стресе светскиот технолошки пазар и ја доведе во прашање досегашната американска доминација во…

January 28, 2025
СВЕТ

Зеленски: Моето доаѓање во Турција е јасна порака за Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека неговото пристигнување во Турција го смета за „јасна порака“ до рускиот претседател Владимир…

May 15, 2025
СВЕТ

Хамас го отфрла планот на Израел за преселувања во Газа

Палестинската милитантна група Хамас денеска објави дека планот на Израел за преселување на жителите на Газа е „нов бран геноцид“…

August 17, 2025
СВЕТ

Римокатоличката црква влегува во период на „празна столица“

По смртта на папата Франциск, Римокатоличката црква влегува во период на седисваканција, што го означува периодот во кој папската фотелја…

April 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?