Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Германската разузнавачка служба ја класифицира АфД како екстремистичка партија што ѝ се заканува на демократијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Германската разузнавачка служба ја класифицира АфД како екстремистичка партија што ѝ се заканува на демократијата
СВЕТ

Германската разузнавачка служба ја класифицира АфД како екстремистичка партија што ѝ се заканува на демократијата

Објавено May 2, 2025 14:27
Сподели
Сподели

Германската разузнавачка служба денес ја класифицираше партијата Алтернатива за Германија (АФД), која го освои второто место на последните парламентарни избори, како „докажано екстремно десничарско“ движење, што треба да ѝ овозможи да биде ставена под строг надзор.

Идеологијата на АФД, која „ги девалвира цели групи од населението во Германија и го поткопува нивното човечко достоинство, не е компатибилна со основниот демократски поредок“, се вели во соопштението на Канцеларијата за заштита на Уставот.

На парламентарните избори на 23 февруари, партијата постигна историски пробив и го дуплираше претходниот резултат со повеќе од 20 проценти од гласовите.

Оттогаш, оваа млада партија, основана во 2013 година, дури и ја престигна конзервативната партија Христијанско-демократска унија (ЦДУ) на Фридрих Мерц, кој треба да положи заклетва како нов канцелар во вторник, во некои анкети на јавното мислење.

Канцеларијата за заштита на Уставот сè уште не даде детали за конкретните последици од оваа класификација на АФД, која би можела да има големи последици врз политичкиот живот во Германија.

Оваа класификација им дава на властите значителни средства за следење и контрола на активностите, вклучително и приватните комуникации.

Дебатата за можната забрана на АФД, што некои политички лидери ја иницираа во последните месеци, би можела повторно да се разгори.

Германската разузнавачка служба веќе ја класифицираше младинската организација на АфД и неколку нејзини регионални ограноци во поранешните источногермански покраини како „екстремистички“.

Во соопштението, таа служба го споменува „општиот непријателски став на партијата кон мигрантите и муслиманите“ и „континуирани изјави“ за тоа што „поттикнуваат ширење и продлабочување на предрасудите, огорченоста и стравот“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Состојбата во владината коалиција е одлична, ќе се случи средба со Таравари
Следна Статија Мицкоски најави засилени контроли: Нема да дозволиме трикови за зголемување на цените

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Германија ги предупреди граѓаните да се подготват за Трета светска војна

Германските граѓани се предупредени да се подготват за можна Трета светска војна со Русија, откако рускиот претседател Владимир Путин уште…

November 22, 2024
СВЕТ

Лукашенко го освои седмиот мандат со 87,6 отсто од гласовите

Александар Лукашенко, лидерот кој владее со Белорусија три децении, го освои седмиот мандат на изборите вчера на кои не се…

January 27, 2025
СВЕТ

Доста нè искористуваше Европската Унија, наскоро ќе ѝ воведеме царини, кажа Трамп

Царините за стоките увезени во САД од ЕУ ќе се случат „многу наскоро“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп. Тие навистина…

February 3, 2025
СВЕТ

Иран се заканува дека ќе употреби тајно оружје

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи и претседателот на земјата, Масуд Пезешкијан се „безбедни и здрави“, изјавил портпаролот на…

February 28, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?