Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски најави засилени контроли: Нема да дозволиме трикови за зголемување на цените
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски најави засилени контроли: Нема да дозволиме трикови за зголемување на цените
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски најави засилени контроли: Нема да дозволиме трикови за зголемување на цените

Објавено May 2, 2025 14:29
Сподели
Сподели

Владата нема да дозволи никакви трикови за зголемување на цените во маркетите и ќе ги засили контролите не само кај трговците, туку и кај дистрибутерите и производителите. Притоа, посебно внимание ќе се обрне на влезните фактури, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Како што истакна, одговорајќи на новинарски прашања во рамки на работната посета на Кавадарци, ситуацијата ќе се следи и нема да се дозволи стихијно однесување на пазарот.

Такви трикови нема да дозволиме да се случат, некој може да се обидува да се служи со такви трикови, но тоа нема да се случи. Лично разговарав со министерот и со директоорт на Државниот пазарен инспекторат за засилена контрола не само кај трговците, туку и кај дристрибутерите и производителите, да видиме да не има некои трикови кај влезните фактури, не само во однос на цените на рафтовите- потенцира премиерот.

Според него, добро е што изминатите два месеца мерката со замрзнувањето на маржите дисциплинирано се спроведуваше.

Тоа доведе до намалување на цените и смирување на инфлацијата и сега, за еден месец имаме негативна инфлација или дефлација од -1,3 отсто, додека на годишно ниво најниска во регионот и меѓу најниските во Европа, 2,7 отсто. Ќе ја следиме ситуацијата и нема да дозволиме стихијно однесување на пазарот – порача Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Германската разузнавачка служба ја класифицира АфД како екстремистичка партија што ѝ се заканува на демократијата
Следна Статија Америка се повлекува од мировните преговори меѓу Русија и Украина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Просечната нето-плата во мај 45.796 денари

Просечната исплатена нето-плата во мај годинава изнесувала 45 796 денари што е 11 отсто повеќе во споредба со истиот месец…

July 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Со Градски воз се очекува драстично намалување на користењето на моторни возила

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со прогресот на проектот Градски воз, изјави дека проектот…

January 4, 2026
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Продолжуваме да ја градиме Македонија

ицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави видео за изградбата на експресниот пат Градско- Прилеп…

July 5, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ова се новите зголемени цени на горивата

Од 5.5.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 85,00…

May 5, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?