Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Гешовски: Од Тему наместо до 22, ќе може да се купува и до 90 евра, на што ќе се плаќа данок
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Гешовски: Од Тему наместо до 22, ќе може да се купува и до 90 евра, на што ќе се плаќа данок
ЕКОНОМИЈА

Гешовски: Од Тему наместо до 22, ќе може да се купува и до 90 евра, на што ќе се плаќа данок

Објавено May 10, 2025 11:25
Сподели
Сподели

ЕЛС е компанијата која на македонските граѓани ги испорачува пратките од популарнaта Тему, за која интересот, се повеќе расте. Сопственикот, Игор Гешовски во интервју за еМагазин.мк вели дека ЕЛС успеа исклучително брзо да се прилагоди на овие барања, вложиле во проширување на тимот и оптимизација на операциите.

Нивната крајна цел е секоја пратка да стигне навремено и без компликации, што несомнено ја постигнуваат.

Интересот за пратки од Тему, се повеќе расте кај македонските граѓани. Со кои предизвици се соочувате за овие неколку месеци околу испораките?

– Интересот за Тему во Македонија расте со голема брзина, што ни претставува и потврда дека граѓаните се сè поотворени кон онлајн купување од странство. Како логистичка компанија која ја започна соработката со Ели експрес и Тему, факт е дека на почетокот се соочивме со низа предизвици, пред сè поради енормно зголемениот обем на пратки.

Просецот на доставата вклучува повеќе чекори – обработка на нарачките, пакување, транспорт и испорака до крајната дестинација – и сите тие се од суштинско значење за обезбедување беспрекорно искуство за клиентите.

Ние успеавме исклучително брзо да се прилагодиме, вложивме во проширување на тимот и оптимизација на операциите, со што денес веќе имаме извонредна основа за понатамошно унапредување на услугата. Нашата крајна цел е секоја пратка да стигне навремено и без компликации, што несомнено ја постигнуваме.

Во контекст на ова, во моментов имаме повеќе од 250 вработени, располагаме со повеќе од 200 сопствени возила и имаме 50 хабови низ државата. Воедно, имаме 200 аутсорсинг, односно почнавме да претендираме кон тој модел на работа –  даваме загарантиран бизнис, поддршка, брендирање, се користат нашите лиценци, возила ако треба, така што за мали реони можноста за работа и за профит е одлична. Токму затоа, бројката овој месец ќе да стигне до 100 бази, во кој се вклучени околу 400-500 луѓе.

Што е она што граѓаните треба да го знаат за пратките од Тему,  има ли можност за злоупотреби, на кој начин ги штитите?

– Видете, тие се светски продавачи, сертифицирани, граѓаните имаат можност да ја вратат пратката и сето тоа го пишува детално на нивната платформа. Продавачите на Тему се лиценцирани, сертифицирани, така што нема дилема дека станува збор за сериозни продавачи. Граѓаните можат да ја следат пратката во секој момент, да знаат до каде е процесот на достава, да остават мислење за производот што го добиле и слично.

Она што можам да го најавам за следниот период е дека македонските граѓани досега можеа да купуваат производи кои чинат најмногу до 22 евра, но од месецов веќе граѓаните ќе можат да купуваат и производи до 90 евра, на што ќе се плаќа данок.

Повеќе на : emagazin.mk

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Доктор Оз измисли чудотворен пијалок: изгубете 7 килограми за само 3 дена
Следна Статија Американец убиен во 2021 „оживеа“ со вештачка интелигенција за да му се обрати на својот убиец во судница

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

(ВИДЕО) Димитриеска-Кочоска: Раст на БДП од 3,8 отсто во третиот квартал

Она што во изминатата година и половина го работевме напорно со главна цел реструктуирање на економијата, денеска ги дава своите…

December 5, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски за царините од САД: Очекувам многу скоро да се корегира одлуката

Премиерот Христијан Мицкоски очекува многу скоро да се корегира одлуката на САД за зголемувањето на царините кон земјава. Како што…

April 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

По неколкумесечна борба, Сојузот на стопански комори доби нов претседател

Сојузот на стопански комори на Македонија од денеска има ново раководство. Централниот регистар го заведе Горан Ѓорѓиевски како нов претседател…

September 15, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Со Косово потпишуваме меморандуми за соработка во три области

Денеска во Приштина ќе се одржи меѓувладина седница помеѓу Владата на Македонија и Владата на Косово, кадешто по завршувањето ќе…

November 18, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?