Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Гласот на Америка“ ги раскина договорите со агенциите Асошиетед прес, Ројтерс и Франс прес
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > „Гласот на Америка“ ги раскина договорите со агенциите Асошиетед прес, Ројтерс и Франс прес
СВЕТ

„Гласот на Америка“ ги раскина договорите со агенциите Асошиетед прес, Ројтерс и Франс прес

Објавено March 15, 2025 19:40
Сподели
Сподели

Американската владина агенција која го води „Гласот на Америка“ денеска одлучи да ги раскине повеќедецениските договори со агенциите Асошиетед прес, Ројтерс и Франс прес и им порача на своите новинари да престанат да ги користат нивните материјали.

Кари Лејк, поранешна радио новинарка која стана републиканска политичарка, која беше избрана од претседателот Доналд Трамп да го води „Гласот на Америка“, процени дека на тој начин ќе се заштедат 53 милиони долари.

Новата американска администрација брзо го потврди својот авторитет во „Гласот на Америка“, кој доставуваше вести од американска перспектива до земјите ширум светот. Додека го чекаше официјалното одобрение за преземање, Лејк беше именувана за специјален советник во американската Глобална медиумска агенција која го надгледува „Гласот на Америка“ и сестринските организации како што е „Радио Слободна Европа“.

Таа пред два дена преку социјалните мрежи објави дека ги раскинува „скапите и непотребни договори“ со новинските агенции.

-Не треба да им плаќаме на други новински организации да ни кажуваат какви се вестите, рече Лејк, која неуспешно се кандидираше за гувернерка на Аризона. „Со буџет од речиси милијарда долари, ние треба да произведуваме свои вести. И ако тоа не е можно, американските даночни обврзници треба да бараат зошто е тоа така“, рече таа.

На денешниот состанок, на вработените во Гласот на Америка им било кажано да престанат да ги користат материјалите на агенцијата за нивните извештаи, рекоа новинарите кои сакаа да останат анонимни.

Во многу новински организации, аудио, видео и текстуални извештаи од агенции се користат за дополнување на извештаите од нивните сопствени известувачи.

АП, Ројтерс и АФП одбија да коментираат.

Потегот на „Гласот на Америка“ доаѓа во време на затегнати односи меѓу печатот и Белата куќа. Асошиетед прес ја тужеше Белата куќа за забрана за доаѓање на нејзините новинари, Пентагон отстрани неколку новинари од нивните долгогодишни позиции, а новинските агенции беа цел на тужби и истраги.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија “Демократски“ студент го покажа „алатот“ на протестите во Белград
Следна Статија Има ли сили Силекс да стане шампион на Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Вучиќ стигна во Москва

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска пристигна во Москва каде ќе присуствува на прославата на Денот на победата на фашизмот.…

May 7, 2025
СВЕТ

(Видео) Трамп: Војната е завршена

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа прогласи дека конфликтот во Појасот Газа е „завршен“ додека леташе за Израел и Египет за…

October 13, 2025
СВЕТ

Меркел за Си-Ен-Ен: Трамп е фасциниран од неконтролираната моќ на Путин и Ким Џонг Ун

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ја покажал својата „фасцинација“ од светските лидери…

December 3, 2024
СВЕТ

Зеленски: Украина е подготвена да премине кон прекин на огнот што е можно поскоро доколку Русија преземе слични чекори

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека Украина е подготвена што е можно поскоро да премине кон прекин на огнот…

May 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?