Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Гледајте и навивајте од дома, ни порача Ѓорческа пред утрешниот меч на Вимблдон
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Гледајте и навивајте од дома, ни порача Ѓорческа пред утрешниот меч на Вимблдон
СПОРТ

Гледајте и навивајте од дома, ни порача Ѓорческа пред утрешниот меч на Вимблдон

Објавено June 29, 2026 13:34
Сподели
Сподели

По трите дена извонредни настапи и три победи во квалификациите на Вимблдон, македонската тенисерка Лина Ѓорческа имаше неколку денови за подготовка за својот прв Гренд слем меч. Ѓорческа во првото коло ќе игра против Аманда Анисимова од САД, која лани беше финалистка на Вимблдон и на годинашниов турнир е рангирана како шеста носителка.

Квалификациите минаа одлично. Од секогаш знаев и верував дека сум блиску, а треба и да се склопат коцките, за да биде совршено. Секој меч беше тежок, сите што учествуваат се меѓу 200-те најдобри на светот во еден од најмасовните спортови и затоа нема лесен меч. Сепак би го издвоила вториот меч (против Франциска Жорге). Последниот меч го одиграв одлично, загубив три гема и навистина сум среќна и пред сè со тоа како се носев за време на мечот. За мојата противничка нема што многу да се каже, квалитетна и комплетна тенисерка, мојата единствена цел е да го одиграм своето. Мечот ќе се игра во вторник (утре). Знаете таа е ланска финалистка и шеста носителка и затоа мечот е на еден од „главните терени“ Се надевам дека ќе биде интересен меч и гледајте и навивајте од дома, изјави Ѓорческа во пресрет на утрешниот меч.

Ѓорческа е во групата од 16 тенисерки што ги минаа квалификациите: Марија Тимофеева, Ешлин Кругер, Алина Корнеева, Робин Монтгомери, Леолиа Жанжан, Анастасија Гасанова, Клари Ли, Тајра Грант, Мананшаја Савангкаев, Полина Кудерметова, Мариам Болкувадзе, Ирина Шиманович, Кајла Деј, Бијанка Андреску и Теодора Костовиќ. Сите тенисерки кои ги минаа квалификациите на своето конто имаат освоени 40 поени.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Земјотрес по полноќ ја стресе Македонија
Следна Статија Последно збогување за Владо Јаневски во среда во Бутел

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Kливленд во полуфиналето на плејофот

- Кливленд кавалирс ноќеска на гостински терен го победи Детроит пистонс со 125:94 во седмиот натпревар од четвртфиналето на НБА плејофот.…

May 18, 2026
СПОРТ

(Видео) Во Норвешка играчот на натпреварот доби печено прасе

Екипата на Брин, која по подолг период се врати во друштвото на најдобрите, продолжува да ја воодушевува јавноста. Клубот продолжи…

April 15, 2025
СПОРТ

Почнува егзибицијата во Саудиска Арабија, вакво нешто е видено

Утре во Саудиска Арабија почнува можеби најскапата езгибиција во светот. Наречен „Sic Kings Slam“ на кој ќе играат Медведев, Ѓоковиќ,…

October 15, 2024
СПОРТ

Сити го купува носителот на игра на Милан за 70 милиони евра

Манчестер сити и Милан постигнаа договор за трансферот на холандскиот репрезентативец Тијани Рејндерс. Граѓаните ќе платат вкупно околу 70 милиони…

June 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?