Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ГОБ „8 Септември“ доби хипербарна комора за лекување хронични рани, изгореници, но и за потреби на спортисти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > ГОБ „8 Септември“ доби хипербарна комора за лекување хронични рани, изгореници, но и за потреби на спортисти
ЗДРАВЈЕ

ГОБ „8 Септември“ доби хипербарна комора за лекување хронични рани, изгореници, но и за потреби на спортисти

Објавено October 27, 2025 12:20
Сподели
Сподели

На Одделот за физикална медицина и рехабилитација во ГОБ „8 Септември“ во Скопје наскоро ќе биде во функција хипербарна комора за лекување на пациенти со хронични рани, дијабетично стопало, изгореници, но и спортисти.

Новата услуга е овозможена како проектна активност на болницата со донација од компанијата „Зегин“.

Услугата најчесто ќе ја користат пациентите со хронични рани, кои тешко заздравуваат, дијабетично стопало, изгореници, но исто така и од пластична хирургија, пулмологја, сегметите кои работат на зајакнување на имунитетот и не само пациенти туку и здрави спортисти кои понатаму преку проектите што ги планираме ќе бидат користени за зајакнување на нивните спортски перформанси. За кратко време ќе стане достапна за пациентите, изјави денеска директорот на ГОБ „8 Септември“, Синиша Стојкоски, кој ја претстави новата опрема пред премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Азир Алиу.

На проектот за хипербарната комора се работело пет месеци, а како што најави Стојкоски ќе  стане достапна за пациентите за кратко време.

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека е благодарен што има општествено одговорни компании кои помагаат да има подобри услови за граѓаните.

– Би сакал помалку пациенти кои ќе имаат потреба од типот изгоренци, а повеќе од делот на спортот, но во животот не се знае што може да се случи и да се има ваква услуга е додадена вредност за здравствениот систем, рече Мицкоски.

Министерот Алиу ја поздрави соработката помеѓу приватниот и јавниот сектор истакнувајќи дека ќе се придонесе за поквалитено и поблиско здравство до граѓаните.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Изјавите на Филипче се какафонични, една со друга контрадикторни
Следна Статија Приведен директорот на „Комунална хигиена“ – сомнежи за злоупотреби и непостапување во врска со кризата со отпадот во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

На Клиниката за психијатрија е отворен Кабинет за третман на пациенти кои имаат потешкотии со коцкање, интернет, злоупотреба на алкохол и психоактивни супстанци

Кабинет за третман на пациенти кои имаат потешкотии со коцкање, интернет зависност, злоупотреба на алкохол и психоактивни суптанци е отворен…

December 30, 2024
ЗДРАВЈЕ

Првпат изведена операција со навигациски систем за тотална протеза на колк

Денес, на Клиниката за ТОАРИЛУЦ во Скопје, за прв пат во Македонија е изведена операција со навигациски систем за тотална…

December 18, 2025
ЗДРАВЈЕ

Три лека од оние што недостасуваат се очекуваат денеска и утре на УКРО

Два лека од оние што недостасуваат на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО) во Скопје, се очекуваат да пристигнат…

January 29, 2025
ЗДРАВЈЕ

ДОКТОР КАТЕ ОСТАНУВА: Во кочанската болница повредените во „Пулс“ ќе продолжат да ја имаат потребната нега

Повредените лица од пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани со писмен допис до јавноста реагираат за кадровски промени во Општата…

May 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?