Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На Клиниката за психијатрија е отворен Кабинет за третман на пациенти кои имаат потешкотии со коцкање, интернет, злоупотреба на алкохол и психоактивни супстанци
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > На Клиниката за психијатрија е отворен Кабинет за третман на пациенти кои имаат потешкотии со коцкање, интернет, злоупотреба на алкохол и психоактивни супстанци
ЗДРАВЈЕ

На Клиниката за психијатрија е отворен Кабинет за третман на пациенти кои имаат потешкотии со коцкање, интернет, злоупотреба на алкохол и психоактивни супстанци

Објавено December 30, 2024 16:00
Сподели
Сподели

Кабинет за третман на пациенти кои имаат потешкотии со коцкање, интернет зависност, злоупотреба на алкохол и психоактивни суптанци е отворен на Клиниката за психијатрија во склоп на Дневната болница. Тој ќе биде проширен на „Мој термин“, изјави денеска директорката на Клиниката д-р Славица Арсова на промовирањето на реновираниот прв кат на Клиниката за психијатрија во Скопје, со нова фасада, нов кров и нова фасадна столарија на клиниката.

Менталното здравје се негува уште од самото раѓање. Имаме намера да ги прошрииме кабинетите. Кабинетот за мајки и деца да прерасне во Дневен центар за мајки и деца , Кабинетот за нервноразвојно растројство да прерасне во Дневен центар за деца и млади. Во соработка со Клиниката за онколологија отворивме Кабинет за психијатриско-психолошка подршка на пациенти со онколошки болести. Амбулантите на ‘Мој термин’ и понатаму ќе функционираат прва и втора смена во Тафталиџе, за да се растовари овој простот. Овде ќе функционира Ургентна амбуланта и кабинетите“, рече директорката.

Со реновиарњето на Клиника за психијатрија значително се подобрува енергетската ефикасност на клиниката, се намалуваат губитоците на топлинска енергија и ќе има заштеда на електрична енергија, средства кои повторно остануваат во здравствениот систем во интерес на пациентите.

Првата фаза од проектот е финансирана преку Светска банка во соработка со Министерство за финансии во делот на подобрување на енергетската ефикасност реализирана минатата година, по што Министерството за здравство се вклучи во делот на внатрешно реновирање, односно комплетно е реновиран првиот кат, каде има и посебно адаптирана болничка соба за лица со хендикеп.

Вкупната сума на инвестицијата изнесува над 40.000.000 денари. Преку проектната единица на Министерство за финансии за првата фаза се инвестирани 29.000.000 денари, а 12.000.000 денари преку Министерство за здравство за реализација на втората фаза.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Од успехот на Новогодишната кошница ќе зависи дали Велигденската и Рамазанската ќе одат со акции или со замрзнување на цените
Следна Статија Таткото и мајката на Коста Кецмановиќ вкупно осудени на 17,5 години затвор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Кедев: Болници оперираат пациенти без потреба, само заради профит

Во денешното издание на емисијата „Стадион“ гостин беше интервентниот кардиолог Сашко Кедев. Тој во емисијата обвини за докажани непотребни хируршки…

August 16, 2025
ЗДРАВЈЕ

Работиме и прекувремено, но ни праќаат пациенти од цела Македонија и без јасна потреба од итност, вели Николова од Институтот за радиологија за недостатокот на термини

Грижата за здравјето е најважен сегмент за долг и квалитетен живот. Тоа подразбира здрави навики и навремени прегледи, кои се…

May 31, 2025
ЗДРАВЈЕ

Сведочење во Сенатот на д-р Роберт Саливан за мРНА вакцините: Се чувствувам како да сум добил смртна пресуда (ВИДЕО)

Од силен, здрав и напреден човек, како што себеси се опишува анестезиологот д-р Роберт Саливан кога ја примил првата мРНА…

August 27, 2025
ЗДРАВЈЕ

Поради небезбедна храна пред Велигден изречени глоби од над 19 илјади евра

Во пресрет на Велигден, државните инспекции затекнаа дел од пазарот неподготвен за засилената празнична контрола. Во 1.221 вонредна инспекција биле…

April 16, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?