Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Таткото и мајката на Коста Кецмановиќ вкупно осудени на 17,5 години затвор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Таткото и мајката на Коста Кецмановиќ вкупно осудени на 17,5 години затвор
БАЛКАН

Таткото и мајката на Коста Кецмановиќ вкупно осудени на 17,5 години затвор

Објавено December 30, 2024 16:20
Сподели
Сподели

Владимир и Миљана Кецмановиќ, родители на момчето убиец К.К.(14), кој го изврши масакрот во училиштето „Владислав Рибникар“ на 3 мај 2023 година, денеска во Вишиот суд во Белград беа прогласени за виновни и осудени. Таткото на момчето убиец доби единствена казна затвор од 14 години и шест месеци, додека Миљана е осудена на три години затвор. Исто така обвинетиот инструктор на стрелиштето каде пукаше момчето убиец Немања М е осуден на затворска казна од една година и три месеци.

За потсетување, Владимир Кецмановиќ е обвинет дека несоодветно држел оружје во својот стан, поради што нивниот син К.К успеал да дојде до него, да го однесе на училиште и да изврши невидено злосторство со убиство на девет ученици и еден училишен чувар. Тој се товари дека сторил кривично дело предизвикување општа опасност, а Миљана за недозволено поседување оружје и експлозивни направи бидејќи на една од чаурите при полициската истрага во училиштето и била пронајдена биолошка трага.

Иако на самиот почеток не беа обвинети за кривичното дело злоупотреба и запуштање на малолетно дете, Вишото јавно обвинителство во Белград во октомври го прошири обвинението. Според обвинението, обвинетите ја занемариле психичката и емоционалната состојба на своето дете за да не реагираат адекватно на чувството кое се развило кај детето – дека е одбиено и неприфатено на часовите што ги посетувал до седмо одделение во ОУ „Владислав Рибникар“. Проширувањето на обвинителниот акт уследи откако момчето убиец, за прв пат по 3 мај 2023 година, кога изврши масовно убиство, ја напушти болницата во која се наоѓа, и во придружба на полицијата со возило на брза помош беше пренесен во зградата на Специјалниот суд во Белград, каде сведочеше во кривичната постапка против неговите родители.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На Клиниката за психијатрија е отворен Кабинет за третман на пациенти кои имаат потешкотии со коцкање, интернет, злоупотреба на алкохол и психоактивни супстанци
Следна Статија Фетаи: Обвинителството има законска обврска да го повика Ахмети на распит

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

(ВИДЕО) Под притисок на Вучиќ, жена јавно кажа дека не е биолошка мајка на детото што го чува

За време на посетата на српскиот претседател Александар Вучиќ во Бор и неговата средба со граѓаните, се случи емотивна и…

February 21, 2026
БАЛКАН

Дете падна од балкон на четврти кат од зграда во Сараево, почина во болница

Петгодишно дете кое вчера падна од четврти кат на зграда во Сараево, почина во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево,…

March 9, 2025
БАЛКАН

Кина ја вооружи Србија со ракети со дострел до 250 км, Загреб го алармира НАТО

Србија стана првата европска земја со кинески суперсонични ракети CM-400, потврди претседателот Александар Вучиќ на 14 март, откако аматерски фотографии…

March 14, 2026
БАЛКАН

Грција втора во светот со 623 наградени плажи со „Сино знаме“

Меѓународната награда за квалитет „Сино знаме“ оваа година ја добија 623 грчки плажи, 17 марини и 17 туристички јахти, со…

May 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?