Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Фетаи: Обвинителството има законска обврска да го повика Ахмети на распит
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Фетаи: Обвинителството има законска обврска да го повика Ахмети на распит
МАКЕДОНИЈА

Фетаи: Обвинителството има законска обврска да го повика Ахмети на распит

Објавено December 30, 2024 17:00
Сподели
Сподели

Вицепремиерот Арбен Фетаи вели дека Обвинителството треба да го повика на распит првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, бидејќи овој во изјава за јавноста кажа дека знаел за локацијата на Артан Груби.

Според Фетаи, обвинителството има законска обврска да го повика Ахмети.

„Али Ахмети изјави дека има сознанија за локацијата на Артан Груби, по кого има меѓународна потерница. Јавното обвинителство, врз основа на оваа јавна изјава, има законска обврска да го повика г. Али Ахмети да го праша каде се наоѓа лицето кое го гони правдата на државата“, напиша Фетаи.

Инаку, првиот човек на ДУИ, Али Ахмети вели дека Артан Груби не е во бегство, бидејќи се наоѓа на албанска територија, давајќи му етничка конотација на бегството на поранешниот втор човек на партијата. Ахмети вети дека Груби ќе се врати и ќе се појави пред органите на прогонот, „но правдата не смее да биде одмаздничка и селективна“.

„Господинот Груби, според информациите што ги имам, не сум го сретнал, но е во ред. Неговата локација е секако на албанска територија, тоа е процес на кој мора да има епилог. Тој не побегнал од Македонија, подготвен е да се појави пред органите на правдата за да ги почитува законите, но не во одмазничка и селективна правда“, рече претходно Ахмети.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Таткото и мајката на Коста Кецмановиќ вкупно осудени на 17,5 години затвор
Следна Статија Обвинителството бара распишување меѓународна потерница за Васко Ковачевски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Вонредни инспекции на Детска клиника и во Козле ја бараат вината за смртта на 14-месечното дете

Државниот санитарен и здравствен инспекторат и стручна комисија формирана од министерот за здравство од утрово прават увид во Универзитетската клиника…

October 7, 2024
МАКЕДОНИЈА

Во недела сообраќаен режим во Скопје

СВР Скопје ги известува граѓаните дека на 11.05.2025 (недела) со почеток во 08.30 до 10.30 часот поради одржување на улична…

May 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Вајц: За жал, некои бугарски пратеници го КИДНАПИРАА Извештајот за домашни цели

Известувачот за Македонија во ЕП, Томас Вајц,  ги искара бугарските пратеници кои го киднапираа извештајот за домашни цели. Ја пофали…

July 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Обвинителството се откажа од гонењето на Дрин Ахмети!?

Обвинителството се откажа од кривично гонење на Дрин Ахмети, внук на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во врска со пиротехничките…

December 20, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?