Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Годинава за 11 милиони евра зголемена наплатата од увоз на тутун, во акции спречени осум обиди за шверц
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Годинава за 11 милиони евра зголемена наплатата од увоз на тутун, во акции спречени осум обиди за шверц
ХРОНИКА

Годинава за 11 милиони евра зголемена наплатата од увоз на тутун, во акции спречени осум обиди за шверц

Објавено April 21, 2026 20:22
Сподели
Сподели

За 11 милиони евра е зголемена наплатата на приходи од увоз на тутун и тутунски производи во првото тримесечје годинава во однос на истиот период минатата година, при што само по овој основ во Буџетот се слеале вкупно 2,82 милијарди денари или 45,7 милиони евра.

Истовремено во овој период во осум случаи се запленети над еден милион парчиња цигари и 225,6 килограми тутунски производи – сецкан тутун, тутун за наргиле и никотински ќесички. Во четири случаи беше спроведена предистражна кривична постапка од страна на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги и беа поднесени кривични пријави против четири физички и едно правно лице.

Овие акции се насочени кон заштита на државниот Буџет и заштита на здравјето на граѓаните.

„Нашата улога не е само да контролираме, туку да заштитиме, да спречиме и да покажеме дека законот важи подеднакво за сите. Компаниите што работат законски мора да имаат сигурност и предвидливост. Нашата улога е да обезбедиме услови во кои чесното работење е предност, а за нелојалната конкуренција, нема простор. Така се создава здрава економија и се отвораат нови бизнис можности. Тоа е нашата одговорност. Но не само наша. Тоа е и одговорност на секој поединечен учесник во секоја поединечна царинска постапка. Транспортер, увозник, царински застапник, патник…И за секој од нив ќе важи кажаното затоа што носат одговорност и имаат обврска да се однесуваат законски, а не селективно и според лични моментални потреби и убедувања. Само според законот. И само тогаш ќе можеме да зборуваме за систем. Се друго ќе биде само импровизација. Ние како Управа треба да се стремиме да го достигнеме стадиумот кога не реагираме на веќе настанати проблеми и искушенија, туку истите ги предвидуваме и анулираме пред да се случат“, порача директорот, Бобан Николовски на денот на одбележување 34 години од Царинската управа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп: САД се подготвени за воена акција против Иран
Следна Статија Тројца доктори вратиле 25 илјади евра по неправилно исплатени плати

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Почина возач откако излетал од патот кај селото Облешево

Во сообраќајна несреќа кај селото Облешево во општина Чешиново-Облешево почина возач, откако излетал надвор од коловозот. Во моментов се работи…

August 28, 2025
ХРОНИКА

Завршија опомените, следуваат казни од МВР за зборување на телефон на пешачки, на тротинет или мотор

Во периодот од 26.09.2025 до 07.11.годинава полициските службеници од СВР Скопје издале вкупно 150 опомени за граѓаните. Согласно проценките, динамиката…

November 9, 2025
ХРОНИКА

Возачот кој ја усмрти Фросина на Партизанска бил пијан и немал возачка дозвола, поминал на црвено

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за – Тешки дела против безбедноста…

January 30, 2025
ХРОНИКА

Обвинителството отвори истрага за шесткатница дивоградба во Чаир

Постапувајќи по кривична пријава од група граѓани, Основното јавно обвинителство Скопје почна истражна постапка против едно лице за кривично дело…

June 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?