Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Големиот пожар кај Струмица е под контрола
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Големиот пожар кај Струмица е под контрола
МАКЕДОНИЈА

Големиот пожар кај Струмица е под контрола

Објавено July 26, 2025 19:14
Сподели
Сподели

Големиот пожар кој избувна попладнево во близина на Струмица меѓу Градските гробишта и селото Баница и зафати огромна површина и со голема брзина се ширеше кон месноста Софилар и куќите во тој дел на градот е ставен под контрола, објави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДСЗ), Стојанче Ангелов.

Според него, големиот и црн чад излегува од склад во чиј двор од пожарот се зафатени гуми, а пожарникарите не дозволуваат пожарот да се шири кон селото Баница, градот и викендички во овој простор.

-Пожарот се движи во неколку насоки и има големи шанси да биде ставен под целосна контрола. На едно место навлезе делумно во Гробиштата во Струмица, зафати неколку квадратни метри и тука е запрен. Нема потреба од вознимереност и паника. Струмичките пожарникари побараа помош од соседните противпожарни единици, а доаѓаат и два „пинцгауери“ на ДЗС, а во случај на лош развој на настаните ќе упатиме и „ер трактори“. Во овој момент нема таква потреба, иако едниот „ер трактор“ превентивно е упатен кон Струмица, рече Ангелов во изјавата за медиумите објавена од местото на пожарот.

Соред командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, се работи за пожар од големи размери, кој засега го гаснат 30 пожарникари и 10 возила, а побарана е помош од пожарникарите од Валандово и вклучување на хеликоптер.

Од СВР Струмица попладнево упатија апел до граѓаните да не се движат во делот зафатен со пожар, а лицата кои се затекнати таму веднаш да го напуштат подрачјето.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Алиу: Повредените од „Пулс“ за понатомошните интервенции ја имаат поддршката од Владата
Следна Статија Тешко повредени млад возач и девојче, откако излетале со автомобил

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Бидете сигурни, ниту еден објект кој не исполнува услови нема да биде оставен да функционира

Во моментов трае акција на Државен пазарен инспекторат на цела територија на државата, информира премиерот Христијан Мицкоски. -Согласно законот за…

March 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на бројни економски и политички средби во Вашингтон, се лобира за интересите и напредок на Македонија

Во текот на вчерашниот ден, претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски присуствуваше на дел од инаугурациските активности на…

January 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Муцунски од Њујорк: Цврсто ги застапуваме позициите на државата, водејќи сметка за националните интереси

Почеток на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк – најважниот мултилатерален форум кој секоја година ги обединува светските лидери,…

September 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова и Филков: Потребен е нов Закон за помилување

Денес, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари работна средба со министерот за правда, Игор Филков. Двајцата соговорници рaзговараа за соработката во процесот…

December 28, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?