Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Голем број Македонци присуствуваа во Корча на првата Литургија одржана од г. Јован како поглавар на албанската црква
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Голем број Македонци присуствуваа во Корча на првата Литургија одржана од г. Јован како поглавар на албанската црква
БАЛКАН

Голем број Македонци присуствуваа во Корча на првата Литургија одржана од г. Јован како поглавар на албанската црква

Објавено March 24, 2025 18:40
Сподели
Сподели

Голем број Македонци од округот Корча присуствувале на Светата Божествена Литургија во црквата “Воскресение Христово” во Корча, прва одржана од новиот поглавар на албанската црква г. Јован.

Меѓу нив бил и свештеникот од Пустец Алексо Темелко и Васил Стерјовски, лидер на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ).

-Особено задоволство беше, заедно со отец Темелко и голем број Македонци, да присуствувам на литургијата во црквата „Воскресение Христово“ во Корча, на првата литургија како Архиепископ на Неговото Блаженство, Јован, избраниот архиепископ на Тирана, Драч и цела Албанија. Бакнувајќи му рака му посакав успех во неговата нова должност, објави Стерјовски на Фејсбук.

Поглаварот г.Јован 27 години беше прв човек на митрополијата во Корча и со претставниците на партијата имаа добри односи, соработка и меѓусебна почит, што ја негуваше и кон сите Македонци.

-Архиепископ Јован даде исклучителен придонес како Митрополит на Корча за православната вера, за македонската заедница во областа на Корча и за почитувањето на богослужбата на македонски јазик во Корчанската митрополија. Историски и духовен момент што не се заборава, напиша Стерјовски.

Под закрила на Митрополијата во Корча е и областа Мала Преспа, населена со Македонци, кои во голем број ги има и во Корча и други населени места во овој округ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Црвен крст: Првата исплата ќе изнесува по 2.400 евра на 240 семејства
Следна Статија Протест во Тетово: „Ги броиме жртвите во трагедиите, а одговорност нула“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

ЗА ТЕНДЕРИТЕ ЌЕ ОДЛУЧУВА НЕПОТКУПЛИВАТА ДИЕЛА: Албанија прва во светот ќе има министерка креирана со вештачка интелигенција

Албанската Влада, прва во светот, ќе има министерка креирана со вештачка интелигенција. Таа е 17-член на новиот владин кабинет „Рама4“.…

September 12, 2025
БАЛКАН

Скандал во Хрватска: Детски психијатар со години злоставувал деца

Детски психијатар (46) од Болничкиот центар во Осиек е уапсен и обвинет за низа тешки кривични дела, вклучувајќи злоупотреба на малолетни пациенти…

December 16, 2025
БАЛКАН

(ВИДЕО) Немири по протестите во Белград: Десетици приведени, повредени полицајци и граѓани

Десетици хулигани се приведени доцна синоќа во инцидентите што се случија во центарот на Белград, додека шест полицајци и двајца…

June 29, 2025
БАЛКАН

Милановиќ за странските работници: И нашите деца треба да ги работат овие работи, ние сме разгалени

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ денес учествуваше на церемонијата на доделување награди по повод Денот на градот Загреб. „Загреб, нашиот…

May 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?