Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Прва жртва од пожар во Албанија, наредена е евакуација на три села
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Прва жртва од пожар во Албанија, наредена е евакуација на три села
БАЛКАН

Прва жртва од пожар во Албанија, наредена е евакуација на три села

Објавено August 12, 2025 19:12
Сподели
Сподели

Ситуацијата со пожарите во Албанија се влошува, а денеска регистрирана е прва жртва од пожарите, соопшти полицијата од Елбасан, додавајќи дека станува збор за 80-годишен маж кој го загубил животот во пожарот во село кај Грамш, што сам го предизвикал.

„Денеска околу 11 часот, лице на возраст од околу 80 години предизвикало пожар во градината на својата куќа, во селото Кулолас, пожар кој излегол од контрола и масовно се проширил во неколку села во округот Грамш. Лицето го загубило животот како резултат на задушување“, се наведува во соопштението за медиумите.

Се додава дека полицијата, противпожарната служба и службите за цивилни итни случаи веднаш излегле на терен, каде што “интензивно работат на гаснење на пожарот, како и на евакуација на жителите од селата каде што се проширија пламените јазици”.

Поради ситуацијата што излезе од контрола, Министерството за одбрана нареди евакуација на жителите на 3 села во подрачјето на Грамш.

„Поради пожарите, кои брзо се шират, Министерството за одбрана ги повикува жителите на селата Кулолас, Блетез и Менколаре веднаш да ги напуштат своите домови и да соработуваат со властите за безбедна евакуација, стои во соопштението на министерството.

Само во овој дел на земјата, наведува министерството, покрај против пожарната единица и локалната власт на Грамш, вклучени се и 80 припадници на армијата и армиски хеликоптер кои работат непрекинато за да ги изолираат пламените јазици.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Блокирана Илинденска: Трет протест за плати на вработените од „Флораком“ и „Луна“
Следна Статија За десет години 2,5 милиони луѓе го напуштија Западен Балкан- ќе остане ли регионот без иднина?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Земјоделците привремено ги отворија сите автопатишта во Грција

Грчките земјоделци, привремено, поради Божиќ ги отворија сите блокади низ целата земја, со што сообраќајот на автопатиштата се одвива непречено,…

December 24, 2025
БАЛКАН

Марта Кос за Србија: Далеку се од членство во ЕУ, стојат реформите

Комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, во интервју за австрискиот „Клајне Цајтунг“, изјави дека првите нови членки од регионот,…

September 9, 2025
БАЛКАН

Осуден актерот Сергеј Трифуновиќ

Вишиот суд во Белград го осуди актерот Сергеј Трифуновиќ на условна казна затвор од шест месеци со две години пробен…

March 8, 2025
БАЛКАН

По Вучевиќ оставка поднесе и градоначалникот на Нови Сад- студентите велат остануваме на блокадите

По српскиот премиер Вучевиќ неотповиклива оставка поднесе и градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ. Оставката следува по нападот на студенти…

January 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?