Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: За десет години 2,5 милиони луѓе го напуштија Западен Балкан- ќе остане ли регионот без иднина?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > За десет години 2,5 милиони луѓе го напуштија Западен Балкан- ќе остане ли регионот без иднина?
БАЛКАН

За десет години 2,5 милиони луѓе го напуштија Западен Балкан- ќе остане ли регионот без иднина?

Објавено August 12, 2025 17:22
Сподели
Сподели

Во изминатите десет години, над 2,5 милиони луѓе го напуштија Западен Балкан во потрага по подобар живот, покажуваат податоците на Светската банка. Евростат, пак, предупредува дека до 2050 година населението на Западниот Балкан може да се намали за повеќе од 15 отсто — тренд што сериозно ја загрозува долгорочната економска развојна перспектива и продуктивноста на земјите како Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Северна Македонија и Албанија.

„Одливот на мозоци“ — масовното иселување на квалификувана работна сила — е еден од најсериозните демографски и економски предизвици. Најмногу се забележува заминување на високообразовани млади луѓе: ИТ-специјалисти, инженери, лекари и други стручен кадар. Според истражувања од 2021 година, повеќе од 70 отсто млади во БиХ размислуваат да заминат, додека во Србија тој процент се приближува до околу 80 отсто, покажуваат податоците на Центарот за студии на миграции, пишува Сарајево Тајмс.

Секторот на здравство во БиХ е класичен пример на последиците: според Лекарската комора на Федерација БиХ, од 2013 до 2020 година повеќе од 5.000 лекари ја напуштиле земјата. Исклучително долгото образование на медицинскиот кадар, комбинирано со нивното иселување создава директни економски загуби и дополнителен притисок врз здравствениот систем.

Комбинацијата од ниски стапки на наталитет и масовна миграција доведува до забрзано стареење на населението. Како резултат, помал број лица во работоспособна возраст треба да го издржуваат растечкиот број на пензионери — веќе релевантен товар за пензискиот и здравствениот систем (просечната возраст на населението, на пример, во Србија е околу 43 години, а во Хрватска околу 45).

Според процените на Програмата за развој на ОН (UNDP), одливот на мозоци го чини регионот повеќе од четири милијарди евра годишно, што се одразува на падот на бруто-домашниот производ, слабеењето на иновациите и намалените приходи во буџетите. Инвестициите во образование и стручно оспособување, кои ги прават државите, сè почесто завршуваат како придобивка за економиите што ги привлекуваат тие кадри.

Финансискито влијание се чувствува и преку помалку даночни приходи и зголемен притисок врз социјалните и пензиските фондови, што ја намалува способноста на државите да инвестираат во инфраструктура, здравство и образование.

Но, според Сарајево Тајмс, има и позитивни сигнали: Министерството за човекови права и бегалци на БиХ наведува дека во последните пет години преку различни програми за поддршка, во земјата се вратиле повеќе од 15.000 лица, главно високообразовани професионалци. Иницијативи како „Дијаспора за развој“, поддржани од УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка, придонесуваат со вклучување на дијаспората во образование и отворање бизниси.

Решенијата, велат експертите, се јасни, но потребен е системски пристап: подобри услови за работа, конкурентни плати, инвестиции во образование и унапредување на бизнис-климатата за стартапи и малите претпријатија, како и целни мерки за врачање и интеграција на експертите што се враќаат. Со такви мерки, миграцијата може да стане и шанса — ако се управува стратегиски и долгорочно.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Прва жртва од пожар во Албанија, наредена е евакуација на три села
Следна Статија Еден војник загина, а еден е потешко повреден при гаснење пожар во Црна Гора

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Вучиќ со маица со посебен натпис: „Им се восхитувам на овие млади луѓе, ќе влезат во историјата“

Србија го слави Денот на студентите. На прославата на свој начин се приклучи и српскиот претседател Александар Вучиќ. Студентите во…

April 4, 2025
БАЛКАН

Јотова со предупредување до Скопје: „Не се лажете дека постои полесен пат до ЕУ преку лобирање“

Илијана Јотова изрази сериозна загриженост поради информациите дека Македонија интензивно лобира кај европските партнери за да го заобиколи отворањето на…

February 13, 2026
БАЛКАН

Коста не се сеќава кога последен пат заплакал, има фацијална експресија

Коста Кецмановиќ на сведочењето рекол дека не се сеќава кога последен пат заплакал. Како е можно никој од возрасните да…

October 13, 2024
БАЛКАН

Колку заработуваат Македонците во Хрватска? Ова е најплатената сезонска работа на море

Во пресрет на шпицот на летната туристичка сезона на хрватскиот Јадран, угостителскиот и туристичкиот сектор сè уште нуди околу 2.000…

June 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?