Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Голем интерес за граѓанските обврзници – запишани се 33 милиони евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Голем интерес за граѓанските обврзници – запишани се 33 милиони евра
ЕКОНОМИЈА

Голем интерес за граѓанските обврзници – запишани се 33 милиони евра

Објавено December 12, 2025 16:06
Сподели
Сподели

Над 2 милијарди денари или 33 милиони евра се запишаа во граѓански обврзници од третата емисија, за која проспектот беше објавен на 26 ноември, а денеска се спроведе аукцијата. Интересот беше значително поголем од објавениот износ со проспектот во висина од 100 милиони денари, информира Министерството за финансии.

На аукцијата се запишани граѓански обврзници од страна на 1543 граѓани. Една граѓанска обврзница изнесуваше 10.000 денари, рочноста е 2 години, а каматната стапка 4,5 проценти годишно. Запишаните граѓански обврзници ќе бидат запишани на име на граѓаните во Централниот депозитар на хартии од вредност.

Министерството за финансии посочува дека датумот на достасување на граѓанските обврзници од третата емисија е 19 декември 2027 година. Исплатата на каматата за првата година достасува на 19 декември 2026 година, а за втората на 19 декември 2027 година.

Претходно, Министерството за финансии издаде две емисии на граѓански обврзници во вкупен износ од 41,1 милион евра кои веќе се исплатени заедно со каматата за двете години. Во првата емисија беа запишани обврзници во износ од 23,5 милиони евра, додека во втората 17,6 милиони евра

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Охрабрува трендот што голем број од македонските граѓани кои одлучија да заминат, полека се враќаат
Следна Статија Наградите за игри прогласија ‘Clair Obscur: Expedition 33’ за игра на годината – Комплетна листа на добитници

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Електродистрибуција ја зајакнува нисконапонската мрежа со инвестиции над 10 милиони евра

Екипите на Електродистрибуција, во првите 6 месеци од 2025 година, успешно реализираа повеќе инфраструктурни проекти насочени кон модернизација и подобрување…

October 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Донесена одлука за времен прекин на исплатите на средствата од ИПАРД програмата

Македонија преку структурите и органите за управување на средствата од ИПА/ИПАРД инструментот на Европската унија донесе одлука за времен прекин…

November 10, 2025
ЕКОНОМИЈА

НЕМААТ СУБВЕНЦИИ: Сточарите најавуваат протест за 30 јуни

Сточарите од Пелагонија најавуваат протест за 30 јуни ако дотогаш не им се исплатат субвенциите по грло говедо и премијата…

June 21, 2026
ЕКОНОМИЈА

Мартовската синдикална кошница е поскапа за 436 денари

Вредноста на синдикалната минимална кошница за март изнесува 67.818 денари, пресмета Сојузот на синдикати. Споредена со вредноста на кошницата за…

March 19, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?