Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се злоупотребувале ли парите од Лотарија, еве што откри Ревизијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Се злоупотребувале ли парите од Лотарија, еве што откри Ревизијата
ЕКОНОМИЈА

Се злоупотребувале ли парите од Лотарија, еве што откри Ревизијата

Објавено December 16, 2025 10:42
Сподели
Сподели

Сериозни неправилности поврзани со нелогични и непостоечки трансакции и записи без соодветна финансиска документација се само дел од неправилностите што ги констатирале ревизорите кај Државната лотарија за работењето во 2024 година. Ова, според ревизорите, отвара сомнеж за злоупотреба на парични средства и незкаонско работење со благајната и платежните сметки.

Во официјалната информација од ревизијата се наведува дека дневниот пазар по основ на продадени лотариски и електронски игри на среќа не бил редовно уплатуван на платежните сметки во деловните банки. Во 2024 година била извршена уплата по основ на дневен промет и тоа во април и кон крајот на 2024 година. Овие уплати, како што утврдиле ревизорите, не биле од дневен промет, туку средства кои се подигнати како готовина од една и уплатени како дневен пазар на друга сметка на компанијата.

Истовремено, не биле воспоставени внатрешни контроли во целокупното работење на друштвото, а немало ниту разграничување на надлежностите меѓу вработените и следење и контрола на трансакциите во процесот на продажба и евидентирање и уплата на дневен промет од продажба.
Во Правилникот за систематизација на работни места предвидени и пополнети биле работни места благајник и шеф на сметководство во Секторот за финансии и сметководство, но поголем дел од работите што се однесувале на прием и ракување со готови пари, како и нивно сметководствено евидентирање ги извршувало директорот на Секторот за финансии и сметководство.

– На ова се надоврзува и околноста што во друштвото не функционирала внатрешната ревизија, што резултирало со неоткривање на недозволените и нелегални активности. Наведеното, предизвикува нефункционално финансиско управување, ја нарушува финансиската дисциплина и претставува сомнеж за можна злоупотреба на парични средства. Државните ревизори утврдиле дека директорот на Секторот за финансии и сметководство директно исплаќал аванси за мали добивки на дел од деловните соработници (околу 320 правни лица со договор за соработка) во износ од 13.971 илјади денари, без да го користи пропишаниот начин на исплата преку Мастер дилер, стои во информацијата од ревизорите.

Во 2024 година, инстант лотаријата е застапена со 12 различни вида на инстант лозови со добивки во пари и предмети. Ревизорите истакнуваат дека евидентираниот износ на неисплатениот фонд на добивки за инстант лотарија во сметководството е за 63.294 илјади денари помал во однос на износот добиен според централниот on-line систем, што не е во согласност со правилата на играта, ја доведува во прашање можноста за исплата на идните добивки и го загрозува интегритетот на Државна лотарија.

Неправилности се утврдени и при доделените договори за маркетинг услуги, а во 2024 година била набавена и опрема во вкупен износ од 26.620илјади денари, без соодветна документација за извршен квалитативен и квантитативен прием на истата. Дел од прим ената опрема во износ од 15.387 илјади денари, не одговарала на перформансите наведени во техничката спецификација од склучените договори, како и на опремата евидентирана во сметководството.

– Наведената состојба e констатирана И CO извршениот попис за 2024 година, CO кој истовремено е утврден и кусок на истата опрема (телевизори за продажните места на деловните соработници, систем за видео надзор и дел од компјутерска и комуникациска опрема) во износ од 3.722 илјади денари, стои во ревизорскиот извештај

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Обилен снег го покрива западен Пенсилванија
Следна Статија Галакси Z ТриФолд чекори кон нов хоризонт, но делува како да Самсунг промаши

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Бернар Арно: Зголемувањето на данокот е напад врз француската економија

Бизнисменот Бернар Арно, кој го предводи водечкиот светски производител на луксузни стоки LVMH и се смета за најбогат Французин, остро…

September 21, 2025
ЕКОНОМИЈА

Словенија бара доктори, негуватели, медицински сестри, градежници, водоинсталатери од Македонија

Словенија бара работници од Македонија за потребите на тамошните компании Се бараат доктори, негуватели, медицински сестри и браќа, возачи, градежни…

December 2, 2024
ЕКОНОМИЈА

Анализа: Се очекува забрзување на инфлацијата и зголемување на ценовниот притисок?

Иако статистиката за март покажува негативна инфлација на месечно ниво, експертските прогнози сигнализираат дека инфлацискиот притисок годинава ќе се засили.…

April 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мерката за замрзнување на маржите до крајот на октомври, синдикалната кошничка намалена за 57 денари

Уште една недела трае мерката за замрзнување на профитната маржа на прехранбените производи коишто се дел од есенската потрошувачка кошничка.…

October 23, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?