Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Синдикатот утре ќе ја блокира Стопанската комора
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Синдикатот утре ќе ја блокира Стопанската комора
ЕКОНОМИЈА

Синдикатот утре ќе ја блокира Стопанската комора

Објавено February 11, 2026 13:52
Сподели
Сподели

Протестите и блокадите пред институциите во државата утре ќе продолжат пред Стопанската комора на Македонија во центарот на Скопје. Како што беше најавено денеска на прес конференција во Сојузот на синдикати на Македонија, протестот ќе почне на пладне, во 12 часот пред крстосницата кај Стопанската комора.

„Повторно ќе бидеме 21 претставник на синдикатот, колку што е потребно согласно законскиот минимум за да излеземе на улица и да блокираме“, рече претседатлеот на ССМ Слободан Трендафилов, додавајќи дека нема да дозволат работниците да мрзнат.

Тој додаде дека блокирањето овој пат е наменето за газдите кои ги блокираат работниците 36 години и кои „одбија до крајот на минатата година да ги зголемат работничките плати и да ја зголемат минималната плата, а кукаат дека квалификуваните работници заминуваат од Македонија и дека не можат да ги задржат“.

Вчера, неколку часа беше блокиран пристапот до Собранието, каде што синдикалците ги оневозможија пратениците да дојдат со автомобили до своите работни места.

Стопанската комора е следната дестинација, а наредната недела ќе биде блокарана и Владата.

Причина за блокадите се неисполнетите барања на синдикатите за зголемување на минималната плата на 600 евра и за зголемување на другите плати за 6.000 денари.

Трендафилов реагираше и на јавните прозивки за наводно малиот одзив на блокадата вчера пред Собранието, велејќи дека овие блокади се таргетирани и наменски се со 21 човек, само за да се покаже дека не се потребни 12 илјади кои излегоа на 28 јануари.

Сепак, Трендафилов ги повика работниците кои можат и кои ќе поминуваат, да се придружат макар и на пет минути на протестот, затоа што како што рече, „другите не бројат“.

Тој додаде дека по завршување на блокадите Синдикатот ќе повика на голем работнички протест за кој ќе биде организиран превоз од сите градови и ќе им се даде шанса на сите работници да учествуваат на протест кој ќе биде организиран во неработен ден.

„Да излеземе многу повеќе од 21 човек на улица пред да го организираме генералниот штрајк во јавниот и во приватниот сектор, доколку и понатаму продолжат со игнорантскиот однос“, рече Трендафилов.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нова видео игра каде Африканците фантазираат за враќање на украдените блага
Следна Статија ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на бесправно изградените објекти

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трговскиот суфицит на Кина достигна рекордни 1,2 трилиони долари

Извозот на Кина во декември значително ги надмина очекувањата, создавајќи рекордно висок годишен трговски суфицит

January 15, 2026
ЕКОНОМИЈА

Томовски: Затекнавме имот којшто немаше никаков имотен лист, успеавме да го легализираме

Затекнавме имот којшто немаше никаков имотен лист, односно беше дивоградба. Успеавме да го легализираме имотот на државата. Вилите Водно 1,…

January 29, 2026
ЕКОНОМИЈА

Струјата ќе поскапи, ама малку, до наредната пролет нема нова евтина тарифа за домаќинствата

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, денеска ги соопшти новите цени за пренос на електрична енергија и за дистрибуција на електрична…

December 2, 2024
ЕКОНОМИЈА

Филипче: Предложивме закон, минималната плата да биде 27.000 денари

„Денеска во услови на голема економска несигурност како одговорна опозиција, предлагаме измени и дополнувања на законот за минимална плата. Со…

October 21, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?