Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Македонија ја завршува модернизацијата на источното крило на Коридор 8
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: Македонија ја завршува модернизацијата на источното крило на Коридор 8
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Македонија ја завршува модернизацијата на источното крило на Коридор 8

Објавено March 1, 2026 18:16
Сподели
Сподели

Со изградбата на експресниот пат од Страцин до Крива Паланка, со реконструкција на обиколницата во Крива Паланка и проширување и модернизирање на граничниот премин Деве Баир, целсоно го развиваме источното крило на Коридор 8, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски кој денеска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски ја пуштија во употреба реконструираната обиколница на Крива Паланка.

Како што посочи Николоски, проектот е инвестиција вредна 1, 2 милион евра и е дел од Коридорот 8.

-Драго ми е што проекти се завршуваат на време. Ова е таков пример, ова е проект кој го започна оваа Влада и го заврши оваа Влада, што е пример како се работат проекти кои одговорно и посветено се работи. Се работи за проект кој е во должина од 4, 5 км и проект кој значи целосна рехабилитација и поврзување со Република Бугарија. Ова не е само обиколица на Крива Паланка, ова е поврзување со Бугарија и е витален дел од Кориодр 8 во кој многу вложуваме со цел развој на истиот, рече вицепремиерот Николоски.

Тој потсети дека минатиот јануари беше пуштен експресниот пат од Крива Паланка до Страцин и ова е природно надоврзување на тој експресен пат, а во моментов интензивно се работи на осовременување, проширување и модернизирање на граничниот премин Деве Баир.

-Првата фаза треба да биде готова до јуни, се работи на реконструкција на постојните објекти и после јуни месец да влеземе во втора фаза што ќе значи проширување на граничниот премин. Со еден модернизиран и проширен граничен премин и со една модернизирана обиколница на Крива Планака и еден експресен пат кој оди од Крива Паланка до Страцин целосно се развива источното крило на Коридор 8 – потенцира вицепремиерот Николоски.

Тој истакна дека на овој Коридор во соработка со ЕУ во рамки на Планот за раст се бара најсоодветно решение за модернизација и од патниот дел на Страцин до Романовце, односно до Куманово. Во однос на железничкиот поврзување на Исток тој додаде:

-Интензивно веќе започнаа работите на железничкото поврзување на Крива Паланка со Скопје и со Софија. Потпишавме Договор со Бугарија за прекуграничниот тунел, а на фаза 2 веќе се задвижени работите иако таму имаме наследена ситуација од претходната Влада, изведувач кој не е одговорен, но со силен притисок работите се движат напред. Така што очекувам и за тој проект да дојдеме со добри вести што ќе значи Крива Планака да ја поврземе со Бељаковце и да имаме дневна линија воз од Крива Паланка до Скопје – потенцираше вицепремиерот Николоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп сега сака преговори со Иран
Следна Статија Наследникот на Хамнеи ќе биде избран за ден-два

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Словенија бара доктори, негуватели, медицински сестри, градежници, водоинсталатери од Македонија

Словенија бара работници од Македонија за потребите на тамошните компании Се бараат доктори, негуватели, медицински сестри и браќа, возачи, градежни…

December 2, 2024
ЕКОНОМИЈА

Договорени дирекна авиолинија Анкара – Скопје

Македонија и Турција постигнаа договор за воспоставување директна авиолинија меѓу Анкара и Скопје, како и за унапредување на железничкото карго…

June 12, 2026
ЕКОНОМИЈА

Нема договор за зголемување на минималната плата

На економско социјалниот совет не падна договор забпокачување на минималната плата. Првиот човек на ССМ Слободан Трендафилов, вели дека на…

December 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

ЕЦБ со препорака: Дома секогаш чувајте одредена сумa готовина

Европската централна банка (ЕЦБ) им препорачува на граѓаните секогаш да имаат одредена сума готовина во своите домови, бидејќи во кризни…

September 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?