Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Голем пад на „Тесла“ на два важни пазари, кинескиот бренд процвета
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Голем пад на „Тесла“ на два важни пазари, кинескиот бренд процвета
ЕКОНОМИЈА

Голем пад на „Тесла“ на два важни пазари, кинескиот бренд процвета

Објавено August 13, 2025 09:11
Сподели
Сподели

„Тесла“ регистрираше голем пад на продажбата на автомобили во Велика Британија и Германија минатиот месец, додека, пак, кинескиот BYD регистрираше историски раст на продажбата во двете земји.

Во Велика Британија, „Тесла“ продаде само 987 возила минатиот месец, што е пад од 59,9 проценти во споредба со јули 2024 година, според податоците од здружението SMMT.

Дополнително, во Германија, продажбата на возила на „Тесла“ во јули се намали за 55,1 процент на годишно ниво на 1.110 единици.

Вкупниот резултат на „Тесла“ во Германија за првите седум месеци од 2025 година е исто така слаб – продадени се само 10.000 возила, што е пад од дури 57,8 проценти на годишно ниво.

За разлика од „Тесла“, BYD продаде 3.184 возила во Велика Британија во јули, четири пати повеќе отколку во истиот месец минатата година, додека во Германија растот на продажбата беше речиси 390 проценти.

„Тесла“ се бори на европскиот пазар поради зголемената конкуренција од кинеските производители, но и поради политичките активности на извршниот директор Илон Маск.

Маск претходно во јули предупреди дека „Тесла“ може да очекува неколку тешки квартали поради новите царини и укинувањето на даночните олеснувања за електрични возила во Соединетите Американски Држави.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Енрике прогласен за најдобар тренер во Европа
Следна Статија Грчката професорка Јоаниду: Не постои ниту еден Грк кој во странство би се претставил како „Македонец“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Граѓани и фирми должат 36 милиони евра на град Скопје за даноци и такси

Граѓаните и компаниите на Град Скопје му должат над 36 милиони евра за данок на имот и комунални такси, соопштија…

December 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

Нема потреба од создавање паника, има залихи нафта, вели Димитриеска-Кочоска

Апсолутно состојбата е во ред и ние ја следиме. Нема никаков проблем и нема потреба од создавање паника кај граѓаните…

March 6, 2026

Гувернерот на Резервната банка на Австралија Булок зборува за изгледите на каматните стапки по зголемувањето од 25 базни поени

Гувернерот на Резервната банка на Австралија (РБА) Мишел Булок се обраќа на прес-конференцијата, објаснувајќи ги причините за зголемувањето на основна

February 4, 2026
ЕКОНОМИЈА

Аеродромот во Скопје со најголем раст на патници во зимската сезона

Аеродоромите во Скопје и во Белград, според објавениот зимски ред на летање, се очекува да го забележат најсилниот раст во…

October 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?