Македонскиот пливач Евгениј Поп Ацев оствари уште еден голем подвиг, откако успешно го преплива каналот Ла Манш.
Тој до целта стигна за време од девет часа и 43 минути, со што стана само петтиот Македонец кој го постигнал овој импресивен успех.
Ла Манш претставува еден од најголемите предизвици во маратонското пливање, познат по своите силни морски струи, ниски температури и непредвидливи временски услови.
Затоа ваквото достигнување претставува исклучителен спортски подвиг и доказ за извонредната подготвеност, упорност и ментална сила на Поп Ацев.
Претходно, тоа го направија Нико Нестор, Атина Бојаџи, Томи Стефановски и Игор Димовски.