Голем пожар попладнево избувна во скопската населба Ѓорче Петров, a излезот/влезот во Скопје се прекриени со густ чад, јавуваат повеќе медиуми.
Ветрот носи големи парчиња пепел откако пожар избувна кај гробиштата во населбата.
За сега нема информации што го има предизвикано пожарот, ниту колкава е материјалната штета.
Оган гори околу гробиштата и тамошната индустриска зона, а густ чад носен од ветрот ја прекри скоро целата населба Ѓорче Петров.
Денеска ова е втор голем пожар во Скопје, откако утрово се запали депонија кај Визбегово по што мораше да интервенира и Ер-трактор.