Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Андоновски против забранување апликации како „Тикток“, но, опцијата „стои на располагање“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Андоновски против забранување апликации како „Тикток“, но, опцијата „стои на располагање“
МАКЕДОНИЈА

Андоновски против забранување апликации како „Тикток“, но, опцијата „стои на располагање“

Објавено January 21, 2025 15:23
Сподели
Сподели

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски попладнево изјави дека е против заземање страна во поглед на забранување апликации како „Тикток“, но, можноста за нешто такво на надлежните „им стои на располагање“. Тој на прес-конференција беше прашан дали поради опасните предизвици на „Тикток“, се размислува за рестрикции по училиштата.

Андоновски рече дека веќе е изработено упатство што било споделено со Педагошката служба од Министерството за образование и наука. Имало неколку средби со претставници на Министерството.

Ова упатство ќе биде насочено кон сите наставници во сите училишта, основни и средни, да поразговараат со децата, со учениците за предизвикот што се случува со социјалните медиуми, затоа што ова се алатки со неограничени можности. Но, за жал, никој од нас никогаш не бил обучен како правилно да ги користи. Тука започнавме со упатството, истото ќе го објавиме и на нашата веб-страница, ако не е веќе објавено. Има и код што води до корисни веб-страници или алатки, што родителите можат да ги користат за да им го ограничат пристапот на секое од децата. Што значи ако може да ограничат во семејството конкретни веб-страници или апликации, да не можат да се симнуваат или да се употребуваат. Сметавме дека ова треба да биде првиот чекор – појасни министерот.

Вториот чекор, како што истакна, е центар за побезбеден интернет што дополнително ќе дава ресурси и помош на овие деца. Тој очекува да се формира до крајот на годината, нагласувајќи оти се работи на физибилити студија со партнерите.

Третата можнсот што ни стои на располање – целосна забрана на овие апликации. Кажав дека сум против нарушување на нет неутралноста и заземање страна во поглед на забранување аплкации. Затоа што ако забраните една апликација, голема веројатност е децата да се префрлат на некоја втора, а државата не смее да биде таа што постојано ќе забранува апликации и со тоа ќе ги наруши демократските принципи на општеството. Но, ако забележиме дека овие мерки што сега ги преземаме не се доволни, секако можеме да го задржиме правото со одредени измени во Законот за електронски комуникации да преземеме и вакви мерки – одговори Андоновски.

Прашан во врска со измамите за злоупотреба на лични податоци, дали се презема нешто на ова поле, Андоновски повика тие да се пријавуваат во МВР.

Министерот рече дека ги поттикнува граѓаните да ги пријавуваат онлајн измамите во Министерството за внатрешни работи. Андоновски алармираше да не се наседнува на измамите, да се проверува неколкупати пред да се стисне на некој линк.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски- Спиро: Крипто пазарот и блокчејн технологија во фокус на разговорот- мора да чекориме со големи чекори напред за Македонија да биде повторно горда
Следна Статија Томовски: Одговорно тврдам дека не постојат мои роднински врски со сопствениците на „Праеториан“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Во Македонија ќе се возат српски електрични локомотиви

Акционерското друштво за железнички транспорт на стоки Србија Карго денеска соопшти дека склучило договор со Железницата на Македонија – Транспорт…

September 24, 2024
МАКЕДОНИЈА

ПРИФАТИЛЕ ЛАЖНА БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА – уапсени петмина вработени во Министерство за финансии, како и сопственик на фирма

Шест лица добија кривични пријави од МВР поради здружено манипулирање со документација која му овозможила на едно од лицата, сопственик…

October 9, 2024
МАКЕДОНИЈА

Почнува Божиќниот пост

За православните христијански верници кои се водат според јулијанскиот календар денеска почна шестнеделниот божиќен пост. Постот ќе трае 40 дена,…

November 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Синот на пратеничката Коџаџику од ВЛЕН стана советник на директорот на М-НАВ

И синот на пратеничката Мерита Колчи-Коџаџику од ВЛЕН, Премтим Коџаџику, се вработи во Македонска навигација (М-НАВ) на советничко место на…

August 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?