Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Голманот што му одбрани пенал на Марадона се извини што играл за Југославија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Голманот што му одбрани пенал на Марадона се извини што играл за Југославија
СПОРТ

Голманот што му одбрани пенал на Марадона се извини што играл за Југославија

Објавено June 25, 2026 13:37
Сподели
Сподели

Томислав Ивковиќ е легендарен голман кого засекогаш ќе го паметиме како на Диего Марадона успеа да му  одбрани пенал во четвртфиналето на Светското првенство во 1990 година. Сепак, неговите сеќавања на голманскиот дрес на Југославија не се толку позитивни, бидејќи очекувал да постигне повеќе, за што ги обвинува селекторите, додека ја напуштил репрезентацијата кога започнале воените конфликти на територијата на некогаш големата земја.

Томислав Ивковиќ е роден во Загреб во 1960 година и добар дел од својата кариера го поминал во Динамо пред да се пресели во Црвена звезда поради расправија со Чиро Блажевиќ. Тој бранел и во странство и оставил најдобар впечаток на голот на Спортинг од Лисабон, носејќи го дресот на Југославија вкупно 38 пати. Последен пат бил во септември 1991 година против Шведска.

Неговата одлука да игра за Југославија, во време кога конфликтот веќе започнал на територијата на поранешната земја, била пречекана „со нож“ во Хрватска.

„Имаше натпревар со Шведска, а јас живеев во Португалија, далеку, концентриран исклучиво на фудбалот, инаку целосно аполитичен и доста неинформиран за тоа што се случуваше во нашата земја. Дојдов да се збогувам со Осим и некои други од репрезентацијата. Кога стигнав таму и видов за што се работи, му се заблагодарив и си заминав. Го одбранив првото полувреме и никогаш повеќе“, рече Ивковиќ во интервју за „Јутарњи лист“ кога им се извини на Хрватите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски му порача на Филипче: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла
Следна Статија Дино Мерлин призна: Се борев со тешка депресија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Средба на министерот Борко Ристовски со претседателот на ФФМ: Фудбалот е јавен интерес и мора да помогнеме обезбедувајќи правичност и раст на сите нивоа

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска оствари средба со претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ на која се разговараше за иницијативата…

January 29, 2025
СПОРТ

Дончиќ објасни како ослабел 16 килограми: За прв пат во животот престанав да играм кошарка

Словенечката кошаркарска суперѕвезда Лука Дончиќ се одмара по настапот на Евробаскетот со словенечката репрезентација, која ја водеше до четвртфиналето, каде…

September 17, 2025
СПОРТ

Шкендија го совлада Вардар во дербито на колото

Актуелниот фудбалски првак на Македонија тетовска Шкендија го совлада лидерот на табелата на шампионатот Вардар со 1:0. Ова беше прв…

March 5, 2026
СПОРТ

(Видео) Црвена звезда го победи Партизан, Недовиќ повторно херој

Кошаркарите на Црвена звезда, како гости во белградска Арена, го совладаа Партизан со 73:71 во 24. коло од Евролигата. По…

February 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?