Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Најголемите ѕвезди од Македонија и Бугарија ќе играат меч за Кочани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Најголемите ѕвезди од Македонија и Бугарија ќе играат меч за Кочани
СПОРТ

Најголемите ѕвезди од Македонија и Бугарија ќе играат меч за Кочани

Објавено April 8, 2025 20:00
Сподели
Сподели

Горан Пандев и Христо Стоичков ќе ги предводат селекциите на Македонија и Бугарија на хуманитарен натпревар, кој ќе се одигра на 27 април во Варна, а целиот приход ќе биде дониран за семејствата на настраданите и повредените во пожарот во Кочани во кој загинаа 61 лице.

Организатор на хуманитарниот натпревар е фондацијата „Национали 94“, зад која стои славната генерација на Бугарија од Светското првенство 1994 година која остави длабока трага во светскиот фудбал и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

На натпреварот за Бугарија ќе настапат легендарните фудбалери предводени од Христо Стоичков, Борислав Михајлов, Емил Костадинов, Јордан Лечков, Сираков, Јорданов, Генчев, Красимир Балаков, а од помладата генерација Валери Божинов.

Македонската репрезентација ќе биде составена од фудбалери од првата репрезентативна генерација, меѓу кои великаните, Илија Најдоски, Драган Канатларовски, Тони Мицевски, Љупчо Марковски, Неџмедин Мемеди, Зоран Бошковски, Горан Пандев, Агим Ибраими, Ѓорги Христов и Артим Шаќири.

Селектор на македонската репрезентација ќе биде Ѓоко Хаџиевски, а Димитар Пенев ќе ја предводи Бугарија од клупата

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Маск го нарече советникот на Трамп „идиот“
Следна Статија Првиот човек на БЈБ потврди: Приведен е директор на здравствена установа поради примање поткуп од 20 илјади евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Тренерот на Шкендија смета дека не заслужиле висок пораз

Екипата на тетовска Шкендија го заврши настапот во УЕФА Конференциската лига, откако во 1/16 финалето синоќа беше елиминирана од турската…

February 27, 2026
СПОРТ

Панчев за вечното дерби: Кога мрежите се тресеат шест пати не може да се оцени лошо

Нашата фудбалка легенда за „Спортски журнал“ го искоментира дербито Црвена Звезда-Партизан. Натпреварот беше атрактивен, убав за гледање. Публиката можеше да…

February 24, 2025
СПОРТ

Почина поранешниот директор и тренер на Вардар

Поранешниот тренер на машката и женската екипа на Вардар, подоцна и спортски директор на „црвено-црните“ , Едуард Кокшаров, почина во…

March 31, 2026
СПОРТ

Министерот Ристовски во посета на македонските ракометни надежи, им честита за супериорниот старт на Светското училишно првенство во ракомет

- Министерот за спорт, Борко Ристовски денеска ги посетил младите македонски ракометари и ракометарки кои настапуваат на Светското училишно првенство во…

April 23, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?