Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Гордана Сиљановска-Давкова: Посакувам Новата година да биде време на исчекор кон траен светски мир
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Гордана Сиљановска-Давкова: Посакувам Новата година да биде време на исчекор кон траен светски мир
МАКЕДОНИЈА

Гордана Сиљановска-Давкова: Посакувам Новата година да биде време на исчекор кон траен светски мир

Објавено December 31, 2025 12:15
Сподели
Сподели

Честитка од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод новогодишните празници, која ви ја пренесуваме интегрално:

„Годинава што си оди ќе ја помниме по драматичните промени на меѓународниот поредок, незамисливите војни со огромни човечки жртви, забрзаната милитаризација, растечката климатска, еколошка и енергетска криза, маргинализираните меѓународни институции и суспендираното меѓународно право.

Нашата надворешна и безбедносна политика беше европска надворешна и безбедносна политика, и во неа се промовиравме како видлив и почитуван актер!

Во евроинтеграциските процеси се фокусиравме на исполнување на Копенхашките критериуми.

Дома, 2025-та беше година на почеток на реформи во правосудството, отворање битка со корупцијата и криминалот, креирање национална развојна стратегија, воспоставување нови стратешки партнерства во функција на економски и други реформи, инфраструктурна офанзива, долгорочно решавање на енергетското прашање, системско решавање на соработката со дијаспората.

За сите нас, најтешкиот момент во 2025-та година беше трагедијата во Кочани и таа како сенка ќе нè следи цел живот. Останува обврската да не ги заборавиме нивните најблиски, но и повредените, а најмногу – правдата!

Нивната немерлива жртва мора да направи подобри луѓе од сите нас, но и политички и правен систем којшто нема да дозволи нови невини жртви!

Посакувам Новата година да биде време на исчекор кон траен светски мир, потпрен на меѓународното право и на меѓународните институции, сакам ние да се вдомиме во Европската Унија, решени да живееме во амбиент на владеење на правото, демократија, економски просперитет и здрава животна средина!

Лично, секому од вас, му посакувам Нова година каква што најмногу сака!

Среќна Нова 2026 година, сакани деца, среќна Нова година почитувани млади, среќна Нова година почитувани граѓани!“, се наведува ви честитката.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Полициските истражувачи тврдат дека осомничените за напад во Бонди делувале сами
Следна Статија Гугл продавница: Новогодишни попусти за Pixel Watch 4

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Тозија: Почит за нашите херои во бело

Во овие тешки моменти, здравствените работници неуморно се борат за секој живот. И покрај уморот тие даваат се од себе…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Само 13 отсто од државните институции ги користат податоците од Централниот регистар на население

Само 13,46 проценти од државните институции поврзани на Платформата за интероперабилност ги користат податоците од Централниот регистар на население, додека…

August 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Зaпреа американските пари за невладините во Македонија

Амбасадата на САД од утрово ги информира сите невладини и други организации што веќе имаат добиено, па речиси и реализирано…

January 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонија е стабилна, а заканата од терористички напади е на ниско ниво

Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам денес одржа конститутивна седница, со која претседаваше националниот координатор…

March 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?