Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонија е стабилна, а заканата од терористички напади е на ниско ниво
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Македонија е стабилна, а заканата од терористички напади е на ниско ниво
МАКЕДОНИЈА

Македонија е стабилна, а заканата од терористички напади е на ниско ниво

Објавено March 28, 2025 19:21
Сподели
Сподели

Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам денес одржа конститутивна седница, со која претседаваше националниот координатор Павле Трајанов.

На седницата, којашто е прва по назначување на новиот состав, националниот координатор информираше за поставеноста и дејствувањето на Националниот комитет во кој се вклучени дваесет и две институции, како и за соработката со Европската Унија, Советот на Европа, ОБСЕ, Меѓународната организација за миграција (ИОМ), амбасадите на САД, Холандија, Германија, Велика Британија и други, како и соработката со граѓанскиот сектор.

На седницата се расправаше за актуелната безбедноста состојба во Македонија, со посебен акцент на активностите за спречување на радикализацијата, насилен екстремизам и тероризам.

За актуелната безбедносна состојба обраќање имаше Габриела Јаковлева, директорка на Агенцијата за разузнавање, како и претставник од Агенцијата за национална безбедност.

За пост-пеналниот третман на повратниците од Сирија и Ирак зборуваше Александар Пандов, директор на Управата за извршување на санкции.

За вклученоста на граѓанскиот сектор на планот на превенцијата информираше Александар Кржаловски, директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка.

Општа е оценката дека Македонија е стабилна, а заканата од терористички напади е на ниско ниво.

Националниот комитет ги дефинира приоритетите и идните активности за спречување на радикалните појави, радикализацијата, насилниот екстремизам, како и борбата против тероризам.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Донесена е регулатива за операционализација на Законот за решавање банки
Следна Статија Им нуделе донации, па на нивно име земале брзи кредити – Измамени сопружници од Струга

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

BlogЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАПОЛИТИКА

Викендов стапува на сила Законот за нефер трговски практики, се очекува намалување на цените на околу 2.500 производи

Од утре стапува на сила Законот за нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи кој…

September 27, 2024
МАКЕДОНИЈА

Меџити: Испратен е Инспекторатот на „Вардариште“

Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска во изјава за медиумите рече дека деновиве се…

September 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

(Видео)„Цунами од ѓубре во Вардар“! Млади британски туристи не можеа да го продолжат пловењето по реката

Млади туристи од Британија останаа комплетно изненадени по нивната авантура пловејќи по Вардар. На потегот од Желино кон Гостивар пловењето…

August 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

ВИДЕО: Голема поплава во Влае поради пукната цевка – без вода останаа неколку населби во Скопје

Вечерва во скопската населба Влае пукна една од главните водоводни цевки, предизвикувајќи голема поплава на неколку улици. Водата навлезе во…

October 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?