Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Им нуделе донации, па на нивно име земале брзи кредити – Измамени сопружници од Струга
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Им нуделе донации, па на нивно име земале брзи кредити – Измамени сопружници од Струга
ХРОНИКА

Им нуделе донации, па на нивно име земале брзи кредити – Измамени сопружници од Струга

Објавено March 28, 2025 19:32
Сподели
Сподели

Сопружници од Струга биле измамени за сума од речиси 4.000 евра, откако им поверувале на измамници дека ќе донираат пари за лечење на нивното дете, соопшти МВР. Кога измамниците, еден од Струга, а другиот од Скопје, ги добиле личните податоци на сопружниците, тие подигнале брзи кредити во нивно име.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.С.(33) од Струга и С.Ш.(43) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „помагање при вршење на измама“. Во периодот од 21.11.2024 до 17.12.2024, пријавените измамиле двајца сопружници од Струга и им причиниле материјална штета од 229.000 денари. Тие стапиле во контакт со нив преку социјална мрежа и, претставувајќи се лажно како лица кои сакаат да донираат парични средства за лекување на нивниот болен син во странска земја, во неколку наврати им побарале да испратат одредена сума на пари за да може средствата кои наводно сакаат да ги донираат да се ослободат од даночните обврски. Откако неколку пати испраќале пари преку автопревозници во Скопје, од сопружниците било побарано да им ги пуштат кодовите за активирање на трансакциските сметки, а откако ги дале кодовите, во наредните неколку денови имале повеќе приливи и одливи од нивните сметки. Потоа, на сметката на оштетениот легнале пари од повеќе финансиски друштва, иако не побарал од ниту едно финансиско друштво да му биде одобрен кредит“, пишува во полициското соопштение.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонија е стабилна, а заканата од терористички напади е на ниско ниво
Следна Статија (ВИДЕО) Ограбувач на банка во Сплит убиен од полицајка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Манев го откри идентитетот на лицето што го уништило синиот ранец на Палчо

Невозможно е Валибор Манев, кој има две ќерки, да не разликува 40-годишна жена од девојче, ова е класично лажење, рече…

June 20, 2025
ХРОНИКА

75-годишна жена загина по удар на комбе, возачот побегнал, па бил најден

Полициските службеници од Одделението за внатрешни работи Неготино вчера го пронашле и привеле Д.С. (55) од селото Пепелиште,со кој е…

December 5, 2024
ХРОНИКА

Се истражуваат причините за пожарот во куќата во Крива Паланка во кој починаа сопружници

Сѐ уште трае постапката за испитување на причините за пожарот во Крива Паланка во кој животот го загубија двајца сопружници…

January 12, 2025
ХРОНИКА

Рустеми и Саити се уште се во полициска станица Гази Баба, се подготвува кривична пријава

Осомничените Сабахудин Рустеми и Аки Саити се во полициска станица Гази Баба и сè уште трае рокот од 24 часа…

October 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?