Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тројца полицајци од обезбедувањето на спикерот Гаши повредени во сообраќајка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Тројца полицајци од обезбедувањето на спикерот Гаши повредени во сообраќајка
ХРОНИКА

Тројца полицајци од обезбедувањето на спикерот Гаши повредени во сообраќајка

Објавено December 6, 2024 16:21
Сподели
Сподели

Тројца припадници од обезбедување на претседателот на Собранието Африм Гаши се повредени во сообраќајна незгода на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Ново село. Тие се во добра здравствена состојба, но ќе бидат задржани во болница.

Случајот го потврди спикерот Гаши, при денешната посета на пратеничките канцеларии за контакт со граѓаните во Охрид посочувајќи дека лицата се во добра здравствена состојба, но вечерва ќе бидат задржани во болница.

– Се случи сообраќајна несреќа на обезбедувањето. Веднаш отидовме во болница ги видовме тројцата припадници од безбедносните сили, кои се дел од обезбедувањето. Се прават сите снимки и анализи. Докторот и директорот на болницата не информираа дека нема потешки повреди, но ќе ги задржат вечерва да не се случи нешто во меѓувреме. Според сите информации, се е во ред со тројцата, изјави Гаши.

Случајот, како што нагласи, е уште една порака до сите инволвирани во изградбата на автопатот Кичево – Охрид да се работи интензивно и квалитетно.

– За жал тоа е уште една порака до сите кои работат на патот Охрид – Кичево, да се работи по интензивно и по квалитетно затоа што сите граѓани патат и ниту еден од нас не е имун на таквите работи. На секој граѓанин може да му се случи. Посакувам да оздрават што побргу и на никој да не му се случи, посочи претседателот на Собранието Гаши.

МВР соопшти дека денеска во 10:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Ново село, општина Дебрца, од патот излетало патничко моторно возило „сеат алтеа“, сопственост на Министерството за внатрешни работи, управувано од Ј.Л.(37), во кое сопатници биле И.Б. и Б.М, сите полициски службеници.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски за Законот за јазици: Да почекаме да дојде 11 декември, не постои опасност по безбедноста на државата
Следна Статија (Видео) Лавров за Орешник: Подготвени сме на се

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Се трага по Симона Стојкова, доколку ја видите – веднаш пријавете!

Македонија трага по девојка по име Симона Стојкова. Се работи за 35-годишна жена со кафеава коса и кафеави очи. Висока…

April 24, 2025
ХРОНИКА

Земала 4000 евра мито – уапсена градежна инспекторка во Куманово

СВР Куманово во содејство со Одделот за криминалистичка полиција при МВР денеска (01.11.2024) во 13.30 часот постапи по наредба од…

November 1, 2024
ХРОНИКА

Трагедија во кратовско, загина млад маж

На 04.07.2026 околу 00:10 часот во ОВР Кратово е пријавено дека на магистралниот пат А-2, кај село Страцин, кратовско, патничко…

July 4, 2026
ХРОНИКА

Албанците бараат таблите за „Сејф Сити“ да бидат на албански јазик

Албанците бараат двојазични знаци за „Сејф сити“ во Скопје. Тие велат дека предупредувачките знаци за камерите од системот „Безбеден град“…

February 19, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?