Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Горивата поевтинуваат, бензинот падна за 3 денари, дизелот останува со иста цена
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Горивата поевтинуваат, бензинот падна за 3 денари, дизелот останува со иста цена
ЕКОНОМИЈА

Горивата поевтинуваат, бензинот падна за 3 денари, дизелот останува со иста цена

Објавено March 30, 2026 16:44
Сподели
Сподели

Регулаторна комисија за енергетика ги намали цените на нафтените деривати во просек за 1,41 отсто, при што најголемо поевтинување има кај бензините, додека дизелот останува со непроменета цена.

Одлуката стапува на сила од 31 март од 00:01 часот, а како клучна мерка за амортизација на ценовните шокови на светските пазари, Комисијата го намали и трошокот за складирање од 1,70 на 1,20 денари по литар.

Согласно новата одлука, бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 поевтинува за 2,50 денари и ќе се продава по 84 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 3 денари и ќе чини 85,50 денари за литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ останува непроменета и изнесува 95,50 денари за литар.

Кај останатите деривати, екстра лесното масло за домаќинство поскапува за 0,50 денари и ќе се продава по 92,50 денари за литар, додека мазутот поевтинува и ќе изнесува 50,410 денари за килограм.

Од РКЕ посочуваат дека движењата на светските пазари се различни – бензините бележат пад од речиси 3,8 отсто, додека дизелот и екстра лесното масло имаат раст, што директно се одразува врз домашните цени.

Истовремено, курсот на денарот во однос на доларот е намален за 0,54 отсто, што дополнително влијае врз формирањето на цените.

Регулаторот нагласува дека станува збор за максимални цени, што значи дека трговците имаат можност да продаваат гориво и по пониски цени, оставајќи простор за дополнително намалување на малопродажните цени на пумпите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почна судењето за Стојанче, сведочеше мајката на починатата Ивана
Следна Статија Стојанче ги натепал и ги оставил Ивана и Катја ноќе среде пат, сведочи мајката на жената што падна од балкон

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Не верувам дека до крајот на годината ќе има намалување на јавниот долг

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска не верува дека до крајот на годината ќе има намалување на јавниот долг. Во изјава…

October 4, 2024
ЕКОНОМИЈА

Владата озаконува паушални фактури за струја, граѓаните не смеат да бидат жртви, апелираат Инженери на Македонија

Граѓаните не смеат да бидат жртви на проценки и математички грешки што причинуваат штета од илјадници денари за нивниот семеен…

April 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Екс министерот за финансии Кирил Миноски со коментар за кредитниот рејтинг

Екс Министерот за финансии Кирил Миноски со коментар за кредитниот рејтинг на Северна Македонија наспорти останатите држави на балканот... Кредитниот…

October 6, 2024
ЕКОНОМИЈА

Битиќи: Со новиот Буџет владата не се грижи за граѓаните туку само за удобноста на функционерите

Со Предлог Буџетот за 2025 година, Владата покажа неодговорност и самоволие и крајно игнорантски однос кон потребите на граѓаните но…

December 10, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?