Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Граѓаните беа толерантни, ред е на трговците: Мицкоски очекува намалување на цените на храната
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Граѓаните беа толерантни, ред е на трговците: Мицкоски очекува намалување на цените на храната
ЕКОНОМИЈА

Граѓаните беа толерантни, ред е на трговците: Мицкоски очекува намалување на цените на храната

Објавено June 22, 2026 12:43
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека денеска во Владата ќе има состанок со претставници на сите дистрибутери, трговци и маркети на кои ќе им пренесе дека очекува намалување на цените на производите, особено на основните прехранбени производи, по завршување на кризата на Блискиот Исток.

Мојата порака ќе биде јасна – завршува кризата, граѓаните беа толерантни, сега е ред тие да им се оддолжат на граѓаните и веднаш да ги намалат цените на производите, посебно основните прехранбени производи — изјави Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања.

Доколку тоа не го сторат, премиерот рече дека Владата ќе ги искористи механизмите што ѝ стојат на располагање за намалување на цените на производите.

Оправдување и изговори не прифаќам. Доколку не се види реакција од страна на маркетите, дистрибутерите и прозиводителите во следните денови тогаш ние како Влада ќе реагираме и тоа на подолг рок. Некои од маркетите од утре ако треба и по име и презиме јавно ќе ги објавуваме, па понатаму оставаме на нив – додаде тој.

На новинарско прашање кај кои производи очекува најголемо намалување на цените, Мицкоски рече дека не би можел да каже кои производи очекува најмногу да поевтинат, повторувајќи дека основните прехранбени производи мора да претрпат корекција на своите цени.

Најави дека за време на состанокот со трговците ќе биде направена споредба на цените во регионот и кај нас за некои од основните производи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кој е иранскиот голман-легенда: Бил овчар, неговиот татко му ги искинал ракавиците за да не брани
Следна Статија Голманот на Зеленортските острови брани неверојатно откако мајка му пристигна во Мајами

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Новиот стратешки договор носи поевтино финансирање

Новиот инвестициски циклус, кој ќе биде поддржан преку стратешкото партнерство со Обединетото Кралство го носи проектнотo финансирање во нашата земја…

May 19, 2025
ЕКОНОМИЈА

Екипите на ДПИ на терен, се вршат контроли на цените на производите

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) е на терен и врши контроли со цел да утврди како се движеле цените на основните…

December 25, 2024
ЕКОНОМИЈА

Зголемен бројот на странски туристи

Во земјава во октомври годинава се евидентирани 107 672 туристи, од кои 25.8 % се домашни, а 74.2 % се…

December 11, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Започна изградбата на нов продажен маркет на „Лидл“, ова е уште една потврда дека сме вистинска дестинација за инвеститорите

Премиерот Христијан Мицкоски денес се обрати на поставувањето на камен-темелник на нов продажен маркет на „Лидл“, проект кој е важен…

September 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?