Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Минималната плата в година се зголемува на 24.400 денари?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Минималната плата в година се зголемува на 24.400 денари?
ЕКОНОМИЈА

Минималната плата в година се зголемува на 24.400 денари?

Објавено November 3, 2024 12:00
Сподели
Сподели

Според актуелните движења на параметрите со кои се формира минималната плата, таа следниот март во 2025 година се очекува да скокне од 22.500 на 24.400 денари. Според проценките таа ќе порасне за нешто помалку од две илјади денари. Синдикатите и опозициските партии бараат минималната плата да биде 24.500 денари, а предлогот е влезен во собраниска процедура и за него ќе треба да се гласа.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска откри дека во понеделник ќе има Економско – социјален совет, односно на маса ќе седне Владата, Синдикатот и Организацијата на работодавачи да преговараат за минималната плата. Како што познато, Созјузот на синдикати притска таа да биде 450 евра (околу 27.700 денари).

Според министерката, во Предлог-буџетот за 2025 година има 2 милијарди денари (32,5 милиони евра) ставени на посебна сметка, како резерва кои ќе послужат за зголемувањето на минималната плата, зависно од преговорите.

– Ако има само редовно усогласување на минималната плата, согласно сегашната законска регулатива, таа според сегашните проценки, ќе биде околу 24.400 денари, информираа од Министерството за финанансии.

Усогласувањето треба да се случи во март. Сега, минималната плата е 22.567 денари.

Согласно член 4 од Законот за минимална плата, висина на минимална плата во бруто износ за месец март секоја година се усогласува со: 50% од порастот на просечно исплатената нето плата, за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика и 50% од порастот на индексот на трошоците на живот, за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Морето исфрлило на брегот чудно суштество, изгледа како вонземјанин (ФОТО)
Следна Статија Сите се чудат од најпознатата фонтана во Рим: Какво е ова е базенче (ФОТО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Еу ги отфрли сите предлози на превозниците од регионот, можна е ескалација со блокади

Европската комисија (ЕК) ги отфрли сите предлози испратени од земјите од Западен Балкан со цел да се најде компромис за…

February 16, 2026
ЕКОНОМИЈА

Се исполнува ветувањето на Николоски: Наскоро Туркиш ерлајнс почнува да лета на линијата Охрид-Истанбул

Од 27-ми март, Туркиш ерлајнс започнува да лета на линијата Охрид-Истанбул. Авиокомпанијата веќе ги пушти во продажба билетите за летната…

December 11, 2024
ЕКОНОМИЈА

Војната ја поскапе нафтата над 115 долари за барел

Светот се соочува со нов енергетски потрес. Цената на суровата нафта „Брент“ утрово достигна драматични 110,90 долари за барел, што…

March 9, 2026
ЕКОНОМИЈА

Казнети ССК и четири фирми за картелско здружување

Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) донесе решение со кое утврди дека четири трговски…

November 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?