Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Го прикажувале како искористено масло од БиХ – измама со биодизел тешка 60 милиони евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Го прикажувале како искористено масло од БиХ – измама со биодизел тешка 60 милиони евра
СВЕТ

Го прикажувале како искористено масло од БиХ – измама со биодизел тешка 60 милиони евра

Објавено February 20, 2025 11:04
Сподели
Сподели

Канцеларијата на Европскиот јавен обвинител (EPPO) уапси двајца осомничени за царинска измама поврзана со увоз на биодизел, со што буџетот на ЕУ бил оштетен за над 60 милиони евра.

Според истрагата, осомничените увезувале биодизел од САД во Европската Унија, но лажно го прикажувале неговото потекло.

Тие биле во притвор во Белгија од мај 2024 година, а неодамна биле екстрадирани во Холандија, каде што ротердамскиот суд им одреди истражен притвор.

Осомничените се товарат дека организирале криминална шема во која американски биодизел бил претставуван како производ од Мароко, а во друга измама – како биодизел од искористено масло за јадење од Босна и Херцеговина. Во реалноста, станувало збор за поевтин биодизел од соја (SME), со што се избегнувале антидампинг давачки наметнати од ЕУ.

Истрагата започнала по пријава од Европската канцеларија за борба против измами (OLAF) и ја водат холандските финансиски власти. Само во Холандија, штетата се проценува на 49 милиони евра, а истрагата во Белгија сè уште трае.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ќе се гради 7-катница на местото на некогашната сендвичара „Кинг бургер“ во центарот на Скопје
Следна Статија (Видео) Хамас предаде четири ковчези со тела: меѓу нив и телото на најмалиот заложник, неговиот брат и мајка му

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Драма на лет од Њујорк: Две тела пронајдени во авион по слетувањето

Две тела се пронајдени во делот на опремата за слетување на авион JetBlue откако тој слета на меѓународниот аеродром Форт…

January 7, 2025
СВЕТ

Дали знаете што се розови царини? Трамп се занимава со светот, а проблемот со децении стои во дворот на САД

Американскиот претседател Доналд Трамп покажа дека нема намера да се откаже од својата царинска политика, а она што е особено…

April 17, 2025
СВЕТ

На претседателот на Јужна Кореја му е забрането да ја напушта земјата

На јужнокорејскиот претседател Џун Сук-јеол му е забрането да ја напушти земјата, бидејќи опозициските политичари ја обвинуваат Партијата на народна…

December 9, 2024
СВЕТ

Падна холандската влада поради несогласувања за плановите за миграција

Холандската влада падна утрово кога Герт Вилдерс, лидер на крајнодесничарската партија ПВВ, ја напушти владејачката коалиција поради несогласувања за плановите…

June 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?