Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ќе се гради 7-катница на местото на некогашната сендвичара „Кинг бургер“ во центарот на Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ќе се гради 7-катница на местото на некогашната сендвичара „Кинг бургер“ во центарот на Скопје
МАКЕДОНИЈА

Ќе се гради 7-катница на местото на некогашната сендвичара „Кинг бургер“ во центарот на Скопје

Објавено February 20, 2025 10:20
Сподели
Сподели

Деновиве за урива некогашната сендвичара „Кинг бургер“ на булеварот Климент Охридски во центарот на Скопје, а на нејзино место ќе се гради зграда на седум ката, објави „Сакам да кажам“.

Според информациите во текстот градилиштето е веќе оградено и поставена е табла на која стојат податоци за градбата. Градежната дозвола од Општина Центар е издадена на 14 ноември 2024 и според неа, ќе се гради станбена зграда на приземје, шест ката и поткровје.

Сендвичарата „Кинг бургер“ пред дваесетина години беше меѓу најпопуларните места за брза храна во Скопје. Откако беше затворена, со години објектот стоеше празен и запуштен.

Пред неколку години во напуштениот објект изби пожар.

Од Општината велат дека градежната парцела е дел од Деталниот урбанистички план за градска четврт Ц 04, Дом на градежници, донесен на 28 јануари 2021, пишува интернет медиумот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Илон Маск: Зеленски уби американски новинар!
Следна Статија Го прикажувале како искористено масло од БиХ – измама со биодизел тешка 60 милиони евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Локалните избори ќе се распишат до крајниот датум, вели Гаши

Локалните избори ќе се распишат до крајниот датум, во првата половина на август за да се остави простор да се…

July 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Сме немале држава, системот бил руиниран, имало социјални случаи кои преку злоупотреби добивале над 60.000 денари месечно

Премиерот Христијан Мицкоски во гостување на вестите во Сител Телевизија зборувајќи за наводните доцнења на социјална помош, истакна дека Владата…

December 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски испрати јасна порака: Без Македонец во бугарскот комитет за малцинства – нема Бугари во Устав

Премиерот Христијан Мицкоски, на денешната собраниска седница за пратенички прашања испрати недвосмислена порака до официјална Софија – без вклучување на…

May 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Скопјани на социјалните мрежи се организираат за превоз до работа поради колапсот на ЈСП

Скопјани од утрово сами се организираат за да стигнат на работа поради вчерашните најави на синдикатите при ЈСП „Скопје“ дека…

November 21, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?